“Освен голем ентузијазам ништо друго не би било потребно да се започне една мала компанија”

Започнат пред повеќе години како студентски проект кој прерасна во вистински онлајн трговски центар, eMall е нова е-продавница која е концепирана како “онлајн трговски центар” во Македонија и нуди е-комерцијала на сите приватни и правни лица.

Најпрво доколку може да ни се претставите. Кои сте вие и со што се занимавате?

Освен голем ентузијазам ништо друго не би било доволно да се започне една мала компанија како нашата, која освен работата со клиенти започна со работа и на сопствени иновативни онлајн сервиси. Тоа кажано, ние сме група тврдокорни ентузијасти, професионалци секој во својата област. Да не се создаде слика дека сите групно одговараме на прашањата ќе се претставам и самиот. Јас сум Столе Китановиќ, графички и веб дизајнер, ко-сопственик на Vortechs Media. Со мојот пријател, а сега и бизнис партнер Костадин Стојчев, по вокација програмер, ја започнавме Vortechs Media како одговор на недостигот од квалитетна маркетинг компанија на југо-истокот.

Што е emall.mk и како започна неговата приказна?

eMall е единствен онлајн трговски центар во Македонија кој е-комерцијата им ја понуди на сите приватни и правни лица. Започнат пред повеќе години како студентски проект за да во последнава година прерасне во вистински онлајн трговски центар.

Кои промени можеме да ги забележиме во трговијата последниве години?

Електронската трговија бележи раст во Македонија. Проблем е што постои недостаток од свежи идеи на пазарот. Освен нови онлајн продажни места не видовме некои поголеми промени. Сметаме дека со eMall ќе се раздвижи пазарот и конечно е-трговијата ќе стане секојдневие во Македонија. Македонскиот пазар е се поподготвен за е-комерција, но неговата структура и концептот со кој се служат компаниите не дозволува вистински да заживее. Со eMall сите е-трговци ќе ги здружиме во еден сервис, една онлајн локација што сметаме дека е еден од клучните фактори.

Со кои проблеми се соочивте на почетокот?

Постојат предизвици како и кај секој нов проект. Цел ни беше да обезбедиме ниски цени за квалитетна достава на продуктите. Да обезбедиме бесплатно користење на сервисот, а да не работиме со загуби. Да овозможиме на корисниците сервис за трговија со кој ниту продавачот ниту купувачот ќе има потреба да го напушти својот дом/работно место и сето тоа преку едноставен кориснички интерфејс.

Сметам дека успеавме во тоа. Имаме договор со една од најголемите и иновативни карго компании. Понудивме бесплатно користење на сервисот, со ниска провизија од 5% кои во најголем дел спаѓаат на трошоци за банкарски провизии за електронски трансакции и налози. Успеавме со еден клик да праќаме пратки низ цела Македонија по цени од 80 денари, по систем од врата до врата.

Дали сметате дека имате конкуренција? И доколку имате на кој начин се справувате со неа?

Од конкуренцијата се оддалечуваме со свежи идеи. Не ни беше цел да креираме само уште една е-продавница туку вистински да работиме на популаризација на Интернет трговијата.

Кои се вашите следни планови?

Да го довршиме започнатото. eMall е сеуште во својот зародиш и бара комплетна посветеност и максимални напори да проектот од хартија го пресликаме во реалноста.

На крај ги поканунвам сите претприемачи да се зачленат на eMall.mk и започнат со продажба на Интернет. Токму младите и нови претприемачи и како ним да им се помогне ни беа насока по која го развивавме серисот.

 

Поврзани вести

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови