КАТАЛОГ НА КОМПАНИИ - ИНОВАТИВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ НА ГОДИНАТА 2019
 
Каталогот на компании - Иновативно претпријатие на годината 2019 содржи опис на компаниите учесници на националниот конкурс за „Иновативно претпријатие на годината 2019“ и соодветните иновации со кои аплицирале на истиот. Креирањето на овој каталог е поддржано од страна на проектот  „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“, финансиран од Европската унија.

ВОДИЧ ЗА ИНОВАЦИИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Водичот за иновации за мали и средни претпријатија (МСП) обезбедува информации за основните алатки што се применуваат во разните МСП за поддршка на иновациите. Креирањето на овој водич е поддржано од страна на проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“, финансиран од Европската унија.

ФИНАНСИРАЊЕ ИНОВАЦИИ – ВОДИЧ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Финансиите играат клучна улога во развојот на иновациите, бидејќи им овозможуваат на компаниите да спроведуваат истражувања, да ги усвојат потребните технологии за иновациска дејност, како и да ги развијат и да ги комерцијализираат иновациите. Креирањето на овој водич за финансирање иновации за мали и средни претпријатија, е поддржано од страна на проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“, финансиран од Европската унија.
Категории