“Начинот на комуницирање со светот, кој станува се поразличен, со најразлични современи уреди преку IP ја прават комуникацијата подостапна за сите!”

Кои се VOX Net? Како започна вашата приказна?

VoxNet е телефонски оператор кој овозможува телефонирање кон сите дестинации во светот и обратно кон Македонија. Таквиот начин на комуницирање, познато како VoIP (VoIce Over IP), може да се обавува преку домашен или мобилен телефон, лаптоп или PC и во последно време актуелни апликации за паметните телефони со оперативни системи Android и iOS и сето тоа со одлични квалитетни дирекни линии од светските телекоми.

Денес начинот на комуницирање со светот, кој станува се поразличен, со најразлични современи уреди преку IP ја прават комуникацијата подостапна.

Пред неколку години се решивме да ја имплементираме услугата на нашиот пазар за кој сите сме свесни дека телефонирањето кон странски држави е премногу скапо преку телефонските оператори.

VoxNet се вбројува меѓу ретките компании кои нудат софистицирани начини за заштeда во комуникациските услуги со интеграцијата на врвната технологија на светските производители од областа на техниката на ВоИП. Со сопственото искуство и знаење имплементираме целосни решенија за највисок степен на комуникација, прилагодени на потребите на нашите клиенти.

Зошто токму оваа идеја? 

Македонија со завршувањето на долгогодишниот монопол на телекомуникациските оператори ја задржа доста скапата цена кон странски дестинации. Во пракса, како што е општо познато, најефтини се локалните разговори. Идејата за VoIP, односно, пренос на глас преку интернет протокол, т.е. со користење на глобалната и бесплатна светска мрежа - интернет, е да ги платите само трошоците за локален разговор кон местото кое го барате. Со помош на интернет се скратува целиот тој пат низ сите земји и телефонски оператори и разговорот се извршува директно преку локалната мрежа на повикуваниот број. Значи VoxNet како ВоИП провајдер ви овозможува да плаќате само толку, колку што чинат локалните телефонски разговори во мрежата во која се наоѓа телефонскиот број кој го повикувате, било да е фиксен или мобилен.

Дали има заинтересираност на македонскиот пазар за вашите услуги?

Токму од таа причина има доста заинтересираност од страна на фирми и домашни корисници за едноставна  и евтина комуникација а голема предност е за достапноста на IP (Internet Protocol) кој за разлика од многу други држави е подостапен, брз и стабилен.

Која е разликата помеѓу сервисите како Skype и вашиот сервис? 

Skype е доста добра сервис апликација, развиена е и позната кај нас многу. Позната е како комуникатор “skype to skype”, a има и други слични сервиси. Многу луѓе не знаат дека може да регистрираат кориснички акаунт на сервисите како Skype и да телефонираат. Меѓутоа причината ја знаеме, банкарските провизии за уплата на кредит кој има рок за искористување  и поскапите цени кој ги нудат се една од главните причини со кои ние се разликуваме.

Дали имате конкуренција на македонскиот пазар и како се справувате со конкурентите на светско ниво?

Конкуренција има, но не толку на македонскиот пазар како што има на светско ниво.

Многу лесно се справуваме со цени, квалитет, ажурност, успешност, одговорност, поддршка и друго од политиката на нашиот сервис за услуги.

Која е разликата во роамингот доколку некој ги користи вашите услуги, а не услугите на мобилните оператори?

Апликацијата инсталирана на вашиот уред лаптоп или паметен телефон не препознава локациски дали е во матична држава или надвор во роаминг, потребно е само да обезбедите интернет конекција или еден од пакетите кој ги нудат операторите за да телефонирате. На тој начин ги избегнувате големите давачки во роаминг зоната.

Дали нудите различни пакет услуги за граѓаните и за фирмите?

Да, услугите се на различен начин Prepaid/Postpaid услуги со договор за користење на услугите и задолжување со опрема на користење и големопродажни и малопродажни цени.

Кои се првите чекори за започнување доколку некој сака да ги користи вашите услуги?

Доделување гратис тест акаунт за корисници кој за телефонирање ќе ја користи апликацијата.

Бесплатна инсталација и тест период за фирми и корисници кој ќе користат уреди, телефонски централи и сл.

Покрај тоа што нудите софтвери за комуницирање, забележавме дека нудите и сопствени производи. Какви се овиепроизводи и кои се бенефитите од нив?

Долгогодишната работа во областа што ја одбравме за императив, ја збогативме со увоз на производи од светски признати производители за веднаш потоа да ја добиеме довербата на истите и да се здобиеме со застапништво за одредени брендови.

Асортиманот на услуги што VoxNet ги нуди, инсталира и одржува се состои:

1. Телефонирање од вашите канцеларии

Оваа услуга овозможува меѓународни телефонски разговори од типот стандарден телефонски уред со користење на ВоИП адаптер.

2. Телефонирање од вашите компјутери или лаптопи

Ќе можете да телефонирате и кога сте во странство  од сите мрежи каде и да сте без дополнителни трошоци од типот на роаминг користејки го вашиот лаптоп.

Можност за да има странски фиксен телефонски број од голем број на земји на кој ќе може да се примаат дојдовни телефонски повици.

3. Телефонитање од вашите паметни телефони со интернет подршка. (Wifi, 3G, GPRS, EDGE or UMTS.)

Достапен насекаде во светот без плакање на роаминг. Можност да се примаат дојдовни телефонски повици насекаде во светот без роаминг трошок.

4. Телефонитање од вашите мобилни телефони или фиксни кога сте во странство без интернет поддршка. Броеви за локален пристап.
Во повеќето европски земји поседуваме локален фиксен број кој ви овозможува да направите повици преку оваа сметка преку нормален телефон.

Со оваа услуга не ви е потребен компјутер или мобилен со интернет за да ја користите оваа сметка.Како тоа функционира? Од било кој телефон, јавете се на број за пристап (ќе се наплаќа од страна на вашиот оператор и по цена на повик кон фиксната телефонија). При самиот остварен повик ќе слушнете порака со барање да го внесете вашиот код (однапред доделен од страна на VoxNet) и го бирате бројот нормално пр. 00389... и на крај се притиска #. Ако вашиот број е внесен во вашиот портал при првото јавување ке слушнете порака со барање да го внесете бројот на личноста  нa која сакате да се јавите и потоа притиснете на # (повикот кон овој број ќе биде рефундиран до овој профил).

Дали имате планови за нови производи и услуги во иднина?

Да, планови има повеќе. Има планови кои се во реализација, изработка на апликација за Windows Мobile и услугата за достапен локален број - телефонски број на кој ќе може да се примаат повици.

 

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови