“Не ги чекајте, создавајте свои можности за докажување!”

Феел Македонија е првата хостинг организација во Македонија која е фокусирана на промоција на ноќниот живот и манифестациите со услуги кои се наменети првенствено за сите туриски кои престојуваат во земата.

1. Што е Feel Македонија?

Приказната за Феел Македонија започна во месец август минатата 2013-та година и е новост кај нас која има за цел промоција на забавите и манифестациите во Македонија.

2. Како настана овој бизнис? Што вас ве мотивираше?

Како и многу други работи во животот и ова настана сосем случајно, народски кажано „на кафе муабет“, а не мотивираше една прошетка во наша соседна држава каде со мал проблем на резервација дознавме дека има нешто слично на тоа што сме ние денес во Македонија и бидејќи не сакавме да копираме, склопивме своја уникатна идеа прилагодена за нашата држава.

3. Кои услуги ги нудите?

Нудиме три главни услуги наменети и за туристите и за луѓето кои живеат тука, од кои едната е резервација во ресторан или ноќен клуб попознато глобално како „vip nightlife services“, втората услуга се состои од поддршка на веќе постоечки настани или креирање на нов настан каде ние сме како организатори, а третата услуга е резервација за сместување каде имаме опфатено сé од мали хостели па до хотели со пет ѕвезди.

4. На кој начин ги придобивате гостите во Македонија за да ги користат вашите услуги?

Покрај многуте начини што ги користиме за придобивање, нашиот тим најмногу се фокусира да се доближиме до потенциалниот турист преку моќта на интернет маркетингот, со што би дознал за нас и услугите кои што ги нудиме.

5. Сметате ли дека има пазар од оваа дејност во Македонија?

Мое лично мислење е дека има пазар во оваа дејност, но не во целост за тоа што ние го нудиме, можеби бидејќи нудиме нешто што го немало до сега во Македонија па малку луѓето се резервирани.

6. Дали туристите што доаѓаат во Македонија и ги користат вашите услуги се задоволни од можностите што ги нуди земјава?

Генерално досега нашето искуство со туристите што ги користеле нашите услуги и артистите што сме ги интервјуирале зборуваат дека Македонија има неверојатни можности, има прекрасен ноќен живот, прекрасни дружељубиви луѓе што не е баш пример во нивните држави, па дури и некои не споредија со многу попознати места што мене лично многу ме изненадува и радува.

7. Како е да се соработува со македонските ноќни клубови, ресторани, хотели, организации и сл? Според кои критериуми ги одбирате местата?

Соработките со ноќен клуб или хотел лично мене и другите членови од организацијата доста позитивно не изненади, особено за тоа колку се заинтересирани со што ја препознаа и можноста која ја нудиме. Што се однесува до критериумите за одбирање на места се потпревме на нашите советници од Агенција за поддршка и развој на туризмот  и се одбраа местата кои се издвојуваат и се попосетени.

8. Од кои земји доаѓаат најзаинтересирани гости?

Според статистиката туристите од Турција се најбројни во Македонија, но не би рекол дека најмногу ги користат нашите услуги што ги нудиме бидејќи се е до вкусот и тоа што би сакал туристот да посети, па би рекол дека најзаинтересирани се туристите од западно-европските земји.

9. Кој се го сочинува вашиот тим и што е она што најмногу ве исполнува во работата?

Тимот на Феел Македонија е склоп на млади преспективни луѓе од повеќе области каде има четворица менаџери-основачи во кој спаѓам јас и моите пријатели Наташа Иваноска, Милош Стојковиќ и Андреј Андонов, и нашиот креативен тим кој брои десетина прекрасни личности кој сите заедно не исполнува дружбата со туристите, запознавање на нови луѓе од различни страни на светот, а и предизвиците што си ги поставуваме пред самите нас за реализација.

10. Што планирате во иднина? Кој совет би им го дале на они кои што работат со лица од странство? Што би им препорачиле на идните млади претприемачи.

Имаме многу планови за во иднина пред се да пуштиме подлабоки корења во нашата држава. Можеби не сум најкомпетентен според моето искуство да давам совет за оние кој работат со лица од странство но би кажал многу често да ја користат моќта на интернетот, бидејќи во странство интернет комуникацијата е на многу повисоко ниво. Би им препорачал на сите млади како мене да не ги чекаат животни можности, создавајте си свои можности за докажување.

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови