Почнува со работа Деловно-технолошки акцелератор УКИМ, дел од Научно-технолошки парк

Во рамки на Научно-технолошкиот парк, сместен во кампусот на техничките факултети во Скопје беше отворен Деловно-технолошкиот акцелератор за млади претприемачи и иноватори.

На настанот, кој го модерираше директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски се обратија и претседателот на Владата, министерот за информатичко општество и администрација и еврокомесарката за дигитална економија и општество, Мариа Габриел. Тие го изразија своето задоволство околу проектот за научно – технолошки парк кој се планира да израсне во место каде граѓаните ќе развиваат нови вештини, ќе се раѓаат нови идеи, ќе се креираат важни иновации и изуми и младите ќе започнуваат нови старт ап бизниси.

Во рамките на настанот беше претставена и видео-презентација на Технолошкиот парк, каде еден од трите столбови е Деловно-технолошкиот акцелератор УКИМ, за чии активности, Владата во соработка со Светската банка обезбеди половина милион евра инвестиции.

„Во инвестициската фаза се планираат почетни инвестиции до 25.000 евра по компанија и до 75.000 евра во втората инвестициска фаза за стартапите со потенцијал за брз раст“, рече директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Деспотовски, додавајќи дека се планираат 7 до 12 инвестиции во првата и две до пет инвестиции во втората фаза, проект кој во сите фази ќе чини 80 милиони евра.

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови