Enterprise Europe Network - Започна со работа платформата за градење на национален екосистем за развој на стартап компании

Во рамки на програмата “EEN-ScaleUP - Забрзување на интернационалниот раст на младите МСП од Македонија” започна со работа националната платформа за поддршка на конкурентноста, иновативноста и интернационализацијата на стартап компаниите од Македонија што поседуваат силен потенцијал за раст и развој. Платформата има за цел да го олесни пристапот на македонските компании до програмата EEN-ScaleUP преку соработка, заеднички иницијативи и размена на информации меѓу клучните чинители на полето на поддршка на иновативни, технолошки старт-ап компании во Македонија.

Програмата EEN-ScaleUP започна во јуни 2017та година и ќе трае 18 месеци, а во рамки на истата македонските стартап компании добиваат специјализирани советодавни услуги за пристап до финансии и пазари, учествуваат во тренинг програми за унапредување на своите вештините, а ќе имаат и можности за креирање на партнерства со компании од над 50 земји во кои делува Enterprise Europe Network.

Програмата е поддржана од Европската Унија, а се имплементира од страна на Универзитетот Св. Кирил и Методиј и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување. Имплементацијата на програмата ќе биде поддржана и од страна на Фондацијата ПСМ како еден од клучните чинители во претприемачкиот екосистем.

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови