Повик за учесници во креативни работилници

Доколку сте млади, креативни и едноставно обожавате да шиете, везете, плетете или пак да правите накит, ова е одлична можност за преточување на вашето омилено хоби во свој иден занает.

Во текот на месеците јуни и јули годинава, ќе бидат реализирани пет дводневни креативни работилници во кои ќе имаат можност да партиципираат вкупно 50 жени. Преку овие работилници учесничките ќе ги усовршат своите креативни вештини на професионално ниво, а воедно ќе бидат запознаени и со можноста за остварување на иден приход преку работа од дома и онлајн продажба на своите изработки на вебсајтот eshop.pretpriemac.mk.

Активноста е дел од проектот „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување“ финансиран од Европската унија, а го имплементираат партнерските организации: ПСМ Фондација, ЗИП Институтот, РОЖМ „ДАЈА“ и Футуре 21.

Пријавете учество на: trainings@yes.org.mk најдоцна до 20.06.2017.

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови