Ликовен конкурс за редизајн на лого

 УЧЕНИЦИ ОД 8 ДО 13 ГОДИНИ ЌЕ ГО КРЕИРААТ ЛОГОТО ЗА НОВИТЕ ДЕТСКИ ПРОГРАМИ ОД „ЏОЛЕВ И УМЕТНОСТИТЕ“

Школата за уметност „Џолев и уметностите“ – Скопје, распишува ликовен конкурс за редизајн на веќе постоечкиот симбол, од којшто ќе произлезе лого и логотип за нови детски програми.

Право на учество имаат сите ученици од 8 до 13 годишна возраст.

Задача на секој ученик е да го преслика веќе постоечкиот симбол во цртачка или сликарска техника по избор. Најдоброто пресликано креативно решение ќе биде новиот симбол (лого, логотип) на „Џолев и уметностите - Јуниор“.

Авторот на победничкото решение ќе добие вредносен ваучер од 12.000,00 денари, што ќе може да го искористи за една од новите детски програми.

Ликовните решенија заедно со податоците: име и презиме на ученикот и телефонски број за контакт се испраќаат на два начина:

  1. Се фотографираат и доставуваат електронски на mail@djolev.com,  или
  2. Се испраќаат по пошта на адреса ул. Козара бр.13а/3 ,1000 Скопје, со назнака: „За ликовен конкурс“.

Конкурсот е отворен до 4 април.

„Џолев и уметностите“ веќе четврта година креираат и организираат програми во вид на курсеви, обуки, предавања и работилници од областа на уметноста и науките блиски на уметноста: фотографија, филм, театар, сликарство, вајарство, литература, дизајн, психологија, филозофија и естетика, наменети за тинејџери и возрасни лица.

  • „Од 10 мај за првпат ќе стартуваме со нови уметнички програми од областите на театарот, литературата и ликовната уметност, наменети за учениците на возраст од 8 до 13 години. Сите програми ќе имаат практична примена. Драмските актери на крајот од обуката ќе се претстават со тетарска премиера, поетите ќе промовираат книга што ќе го содржи сработениот материјал, создаден за време на работилницата,  додека ликовните уметници ќе ги изложат своите најдобри дела на групна изложбена поставка, велат од „Џолев и уметностите“.  

                       
                                                                  
 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови