5 иновативни бизнис концепти за подобрување на одржливоста кај модната индустрија

5 иновативни бизнис концепти за подобрување на одржливоста кај модната индустрија
 
Дали знаете дека во овој момент во светот се купува повеќе облека од било кога? Замислете, просечен Американец фрла отприлика 68 парчиња облека за само една година. Ситуацијата е слична и во Европа, па затоа издвоивме 5 супер иновативни решенија за подобра одржливост кај модната индустрија.

„Без разлика дали сте опседнати со мода, едноставно облеката е неопходна, а еден од најголемите предизвици со кои се соочува денешната модна индустрија е како да се создаде мода за растечката светска популација додека ја штитиме нашата планета“, вели Ерик Бенг, проект менаџер за глобални промени, спонзорирана од H&M Conscious Foundation, непрофитна организација создадена од шведскиот гигант за брза мода.
Отпадот и остатоците при производство, како и неодржливоста на синџирот за снабдување, претставуваат проблеми за целата текстилна индустрија,  особено присутни кај брзата мода. Ако облеката може целосно да се рециклира и да се направи со многу помалку ресурси, дали би можеле да продолжиме да произведуваме нова облека со истото динамично темпо како кај брзата модна компанија Зара, која прави повеќе од 1 милион парчиња облека секој ден, на начин што е навистина одржлив?
Иако одговорот е јасен, погледнете кои се најновите решенија за подобрување на одржливоста во модната индустрија:
 
1.Микроорганизми кои јадат полиестер
Полиестерот e материјал кој најчесто се користи за производство на облека, а е произведен од суровина како нафтата која тешко се рециклира без да се изгуби нејзиниот квалитетот. Но, постојат одреден тип на микроорганизми кои би можеле да изедат старо текстилно парче облека и да го разложат полимерот од текстилот до неговите основни суровини кои што понтаму може да се продадат на производителите на полиестер. Процесот функционира дури и кај ткаенини кои се мешавина од материјали како памук и полиестер. Секако, крајниот резултат е далеку поевтин и подобар за животната средина отколку да се произведе нова ткаенина од суровина како што е нафтата.   
 
2.Рециклирање на отпадот од храна во предиво
Производството на сок од цитрусни овошја резултира со големи количини потрошени лушпи и семиња - дури 25 милиони тони отпад годишно. За таа цел, еден стартап има развиено производен процес кој ги претвора нуспроизводите од цитрусните овошја во суровина што може да се преработи во предиво.
 
3. Ткаенина произведена од алгиОдгледувањето на традиционална ткаенина како што е памукот е навистина тешко и еколошки неприфатливо -  некогаш се потребни повеќе од 20.000 литри вода за да се зголеми памукот и  да може да се употреби за изработка на еден пар фармерки, а воедно за памукот се користат и повеќе инсектициди од која било друга култура во светот. Брзо растечките алги, од друга страна пак, не бараат дополнителна количина на вода покрај океаните и езерата во кои растат, оставајќи го земјиштето слободно за одгледување храна. Па затоа, користење на алгите за производство на ткаенина е навистина уште едно супер иновативно решение во модната индустрија.
 
4.Претворање на памук во нова облека
Како што многумина од вас знаат, памукот тешко се рециклира, па затоа последниве неколку години се развива нов процес кој користи еколошки растворувач за растворање на старата памучна облека во материјал сличен на памук кој може да се претвори во нови текстилни влакна – елиминирајќи го и отпадот и проблемите што доаѓаат со одгледувањето нов памук.

 5. База на податоци за следење на потрошената ткаенина во фабриките
Дури 15% од ткаенината завршува во отпад при процесот на производство на облека, па затоа група на млади претприемачи и нивниот стартап  се фокусираа на дизајн и развој на база на податоци што ја следи преостанатата количина материјал, така што некои други дизајнери би можеле да го искористат токму тој материјал кој е сеуште е во одлична состојба.
 
Сите овие иновативни идеа и технолошки решенија во голема мера би помогнале кон остварување на целта за еколошки и одржливи процеси во модната индустрија. Одржливоста токму кај оваа индустрија е од особено значење, а воедно и предизвик за сите актери во модната индустрија. 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови