Фондација за Претприемачки сервис за млади, која работи во областа на поддршка на претприемништвото преку раководење со бизнис инкубатор, градење капацитети на стартап компании и имплементација на проекти, распишува конкурс за вработување на проектен асистент.
Потребни квалификации
• Завршено високо образование во областа на правни или економски науки
• Солидно познавање на процедурите и начинот на раководење на проекти финансирани од ЕУ
• Учество во најмалку 2 проекти како проектен асистент (пожелно проекти поврзани со млади и претприемништво)
• Искуство во планирање и реализација на настани и конференции
• Познавање на одржување на веб страни и социјални медиуми
• Одлично познавање на англиски јазик
• Одлично познавање на MS Office програмите и Интернет
Главни задачи и одговорности
• Поддршка при подготовка на проектни апликации
• Организација на состаноци, обуки и настани за потребите на организацијата
• Одржување на веб страните и социјалните медиуми на фондацијата
• Комуникација со целните групи на фондацијата
• Одржување контакти со медиуми и видливост на активностите на фондацијата
• Административно работење
• Подготовка на програми за настани
Карактеристики
• Самоиницијативност
• Одлични способности за планирање и организирање
• Комуникациски способности
• Тимски работник
• Способност за работа под притисок и кратки рокови
Заинтересираните кандидати потребно е да достават писмо за интерес и кратка биографија на англиски јазик на следниот e-mail: info@yes.org.mk, најдоцна до 15 април, 2022 година.
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.