Оглас за вработување проектен асистент

Фондација за Претприемачки сервис за млади, која работи во областа на поддршка на претприемништвото преку раководење со бизнис инкубатор, градење капацитети на стартап компании и имплементација на проекти,  распишува конкурс за вработување на проектен асистент.

Потребни квалификации
Завршено високо образование во областа на правни или економски науки
Солидно познавање на процедурите и начинот на раководење на проекти финансирани од ЕУ
Учество во најмалку 2 проекти како проектен асистент (пожелно проекти поврзани со млади и претприемништво)
Искуство во планирање и реализација на настани и конференции
Познавање на одржување на веб страни и социјални медиуми
Одлично познавање на англиски јазик
Одлично познавање на MS Office програмите и Интернет
 
Главни задачи и одговорности
Поддршка при подготовка на проектни апликации 
Организација на состаноци, обуки и настани за потребите на организацијата
Одржување на веб страните и социјалните медиуми на фондацијата
Комуникација со целните групи на фондацијата
Одржување контакти со медиуми и видливост на активностите на фондацијата 
Административно работење
Подготовка на програми за настани
 
Карактеристики 
Самоиницијативност
Одлични способности за планирање и организирање
Комуникациски способности
Тимски работник
Способност за работа под притисок и кратки рокови
 
Заинтересираните кандидати потребно е да достават писмо за интерес и кратка биографија на англиски јазик на следниот e-mail: info@yes.org.mk, најдоцна до 15 април, 2022 година
 
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
 
 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови