ОБУКА: ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ НА ДОНАТОРСКИ ПРОЕКТИ

Како правилно да се планираат и имплементираат донаторските проекти? Како правилно се комуницира и известува? Како се менаџираат времето, ресурсите и буџетот?
 
Инфо за обука

Времетраење: Вкупно 6 часа
Место: Онлајн, преку платформата ZOOM
Цена: 4200 МКД
 
Цели и програма
Проектниот менаџмент е клучна вештина за успешна имплементација на донаторски проекти. Затоа проектните менаџери и останатите членови на проектниот тим треба правилно да ги планираат, координираат и контролираат активностите, со постојано менаџирање на ризиците. Обуката e  дизајнирана за поврзување на теоретското знаење со праксата, преку споделување најдобри практики и искуство на обучувачот м-р Елена Стојановиќ, која веќе 15 години работи како проектен и финансиски менаџер во ПСМ Фондација. За време на обуката, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со:
  • Клучните елементи за ефикасна и ефективна имплементација на проектните процеси
  • Практични алатки за проектен менаџмент
  • Менаџирање проектен тим
  • Подготовка на периодични и финални извештаи
  • Подготовка за ревизорска посета и on the spot check
  • Мониторинг и евалуација
 
Методологија
Обуката ќе се базира на интерактивна методологија, преку активно вклучување на учесниците, користејќи теорија, предавање, дискусии, Q&A, вежби, студи на случаи и фидбек сесии, со дополнителни елементи на само изучување.
 
За кого е наменет
Проектни менаџери, финансиски менаџери како и останати членови на проектни тимови кои имплементираат или сакаат да научат повеќе за имплементација на донаторски проекти.
За да се пријавите на оваа обука не се потребни претходни познавања од проектен менаџмент.
 
Пријавување
Пријавување за обука на следниот линк
Повеќе информации на trainings@yes.org.mk или 072 313 083.
 
За онлајн уплата кликни тука
За уплата во банка:
Примач: ПСМ Фондација
Банка на примач: Халкбанк
Сметка: 270000001048942
Цел на дознака: Обука за проектен менаџмент
 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови