ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ ЗА ОНЛАЈН КУРС „МЕНАЏЕР ЗА СПОРТ И ТУРИЗАМ НА ОТВОРЕНО“

ПСМ Фондација, во состав на EN ROUTE проектот, кофинансиран од Еразмус+ програмата, организира напреден курс „Менаџер за спорт и туризам на отворено“ (Sport and Tourism Outdoor Manager).

Курсот е наменет за дипломци во спортски дисциплини, кои целат да продолжат во мултидисциплинарна професионална кариера во полето на спортски туризам. Курсот има за цел да обучи иновативни менаџерски профили, да ги научи да дизајнираат и предлагаат нови брендови во спортски туризам (велнес туризам, екотуризам, достапен туризам, културно наследство, итн.) и исто така, да развијат потенцијал за туризам имајќи го предвид економскиот развој и можните урбани и територијални новитети. Целта на курсот е да ги надополни специфичните знаења и вештини кои кандидатите ги поседуваат во спортот, со менаџерски вештини и способност да дизајнираат и промовираат нови брендови за спортски туризам.  Со унапредување на нивните претприемачки вештини ќе се развијат иновативни бизнис модели за одржлив спортски туризам и ќе се стимулира промоцијата на територијалниот потенцијал.

Курсот предвидува учество на 14 дена обука (вебинари) и 40 дена онлајн обуки посветени на креирање на проектна работа, со цел интернационално вмрежување со останатите учесници од партнерските земји (Италија, Шпанија, Холандија и Романија). На крајот од курсот ќе следува 5-месечен работен период на учење, каде во соработка со локални партнери ќе се развиваат и пилотираат територијални бизнис модели во спортски туризам развиени од учесниците.

Програмата на курсот ќе ги покрие следните модули:
  1. Модули за животни вештини:
  • Тимска работа, градење на тим, лидерство
  • Критично размислување и решавање на проблеми
  • Креативност, иновативност, иницијативност
  • Емпатија, интеркултурна комуникација
  • Преговарање, ефективна комуникација
  1. Модули за спорт и туризам:
  • Легислатива за туризам
  • Проектен менаџмент
  • Маркетинг и промоција
  • Бизнис стратегија за спорт и туризам, буџетирање, чинители, претприемачки развој

Заинтересираните лица е потребно да имаат:
  • диплома во спорт,
  • познавање на англиски јазик и
  • кратко работно искуство во секторот туризам (не е задолжително).

Заинтересираните лица потребно е да ја пополнат пријавата на овој линк најдоцна до 30.11.2020 година. Обуките ќе започнат на почеток во декември, а селектираните учесници ќе бидат навремено информирани за точен датум и час за почеток.

Повеќе информации на 02 3103 660 или на trainings@yes.org.mk .

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови