Финална конференција за проектот БалканМед ИННОВА

На 24-ти и 25-ти септември, со почеток од 10.00 часот, ќе се одржи финалната конференција за проектот БалканМед ИННОВА, финансиран до Европската унија.

Конференцијата ќе се одржи онлајн, а нејзината цел е да ги промовира резултатите и придобивките од проектот како и да придонесе за промоција на претприемништвото во регионот. На настанот ќе учествуваат панелисти претставници од партнерските организации од Македонија, Грција, Албанија, Бугарија и Кипар, како и претставници од компании и граѓанскиот сектор од овие земји.

Регистрација на учесници на следниот линк, најдоцна до 18.09.2020 година.

Преземи агенда за настанот.

Проектот кој започна во 2017 година, имаше за цел низ обука, размена на знаења и искуства, како и трансфер на технологии да овозможи поддршка на веќе постоечки мали и средни претпријатија, како и на сите потенцијално нови стартапи. Проектот беше насочен кон претприемачите, а целта е тие да се здобијат со нови знаења и вештини и истите да воспостават контакти со бизнис заедниците од земјите-партнери на проектот.

Контакт информации: Софија Цали, sofija.cali[AT]yes.org.mk, 02 3103 660.
www.balkanmed-innova.eu

     

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови