Онлајн курс „Почнување бизнис и социјално претприемништво“

Фондацијата Претприемачки сервис за млади, го креираше онлајн курсот „Почнување бизнис и социјално претприемништво“, а истиот е наменет за сите млади лица кои имаат желба да започнат сопствен (социјален) бизнис.
Креирањето на овој онлајн курс претставува креирање на долгорочен извор на информации за почнување бизнис, кој ќе биде поддршка за младите луѓе и идните претприемачи како трансфер на знаење и градење на нивните капацитети со цел нивните идеи да ги претворат во бизниси.
Курсот е бесплатно достапен на едукативната платформа Pretpriemacedu.mk, а за да го следат курсот, заинтересираните слушатели потребно е да се регистрираат на следниот линк.

Програмата на курсот, нуди богата содржина во 9 модули:
  1. Претприемништво
  2. Социјално претприемништво
  3. Бизнис идеја
  4. Визија
  5. Лидерство и менаџмент
  6. Бизнис план
  7. Брендирање
  8. Менаџмент на човечки ресурси
  9. Процес на работа
 
Содржините вклучуваат теоретски и практичен дел и се обработени преку видеа, кои овозможуваат систематско запознавање со темите. Оваа методологија за онлајн учење овозможува активно учество на учесниците, бидејќи секоја целина нуди и практична имплементација преку вежби, задачи или корисни ресурси.

Онлајн курсот се реализира во рамките на проектот „ Креирање одржливи можности за претприемништво“, поддржан од Амбасадата на САД, а имплементиран од ПСМ Фондација.

За повеќе информации: trainings@yes.org.mk или 076 468 031.



Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот (ите)/ авторот (ите) и не ги одразуваат оние на Владата на САД.
 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови