ВЕБИНАР „Социјално претприемништво“

Датум: 20.03.2020 (петок)
Час: 12.00ч
Целна група: Мали и средни претпријатија
Јазик: Англиски
Котизација: Бесплатно
 
ЗА ВЕБИНАРОТ
ПСМ Фондација ги поканува сите мали и средни компании да учествуваат на бесплатниот вебинар „Социјално претприемништво“. Вебинарот ќе се одвива на база на студија на случај каде учесниците ќе имаат можност да дискутираат и разменуваат мислења со останатите учесници на прашања поврзани со примерот кој ќе се обработува.
 
ЗОШТО ДА УЧЕСТВУВАТЕ
Учесниците на вебинарот ќе имаат можност да се запознаат со следните аспекти:
  • Што е социјално претприемништво
  • Основни принципи
  • Потреби и социјални проблеми
  • Видови на социјални бизниси во ЕУ
  • Важноста на социјалното претприемништво
  • Предизвици и приоритети
  • Социјални бизниси во Македонија
 
ПРИЈАВУВАЊЕ
За учество на вебинарот потребно е да се регистрирате на следниот линк, а набрзо потоа ќе добиете потврда на е-мејл со линк за регистрација на платформата каде ќе се одржи вебинарот.
 
МОДЕРАТОР
Проф. д-р Радмил Поленаковиќ – редовен професор на Машинскиот Факултет Скопје, на предметите: Претприемништво и мал бизнис, иновациски менаџмент, менаџмент на човечки ресурси, логистика итн. Автор и коавтор е на повеќе од 300 трудови, а учествувал во реализација на повеќе од 100 меѓународни и домашни проекти од разни програми. Професор Поленаковиќ учествувал во развојот на повеќе стратешки документи во областа на претприемачкото учење, кластерско работење, иновациите итн. Основач е и раководител на првиот универзитетски Бизнис старт-ап центар во земјата во 2006 година. Ги воспоставува Националниот натпревар за бизнис план за средни учичишта и за студенти, при што до денес биле основани 60 старт-ап компании. Во 2009 година професор Поленаковиќ го основа Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење. Гостувачки професор е на УНЕСКО Катедрата за претприемништво на Универзитетот во Нови Сад, Србија. Член е на Европската академија на науките и уметностите.
 
ДОКУМЕНТИ ЗА ВЕБИНАРОТ
Презентација
Студија на случај
 
За повеќе информации контактирајте не на contact@yes.org.mk или 02 3108 891.
Вебинарот се организира во рамки на проектот БалканМед ИННОВА, финансиран од Европската Унија.

     

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови