ОБУКА ЗА GDPR Practitioner и DPO – Certified Data Protection Officer 12-13.03.2020

Што е GDPR?
 
GDPR (General Data Protection Regulation) е директива, која се однесува на заштита на личните податоци и информации, донесена од Парламентот на Европска Унија (ЕУ) по четиригодишна подготовка и расправа, на 14 Април 2016 година и која се применува од 25.05.2018 година.

Новата ЕУ регулатива се однесува на:
  • сите организации / компании кои имаат барем еден клиент од Европската Унија (ЕУ);
  • сите организации и бизниси основани во ЕУ, независно дали вршат обработка на податоци во ЕУ или не;
  • организации кои не се основани во ЕУ, но нудат производи и / или услуги во ЕУ;
  • “cloud” сервис провајдери.
 
GDPR Practitioner – Оваа обука трае еден ден и објаснува во детали, што опфаќа секој аспект од регулативата и како може тоа да се имплементира во Вашата организација. Ќе се употребуваат алатки и примери од реалниот живот, со цел да разберете како оваа регулатива се применува во реалниот свет. На обуката ќе имате можност да поставувате прашања специфични за Вашата организација и да добивате совети за истите. На крајот од обуката, кандидатите полагаат испит и добиваат акредитиран сертификат за GDPR Practitioner.

Certified Data Protection Officer – Оваа обука трае два дена и на неа ќе имате можност да се здобиете со потребните знаења и компетенции за успешно справување со GDPR регулативата. На крајот од обуката, кандидатите полагаат испит и се стекнуваат со акредитиран сертификат за Data Protection Officer.
 

Придобивки од обуката:

  • Темелно разбирање на концептот и барањата на GDPR;
  • Разбирање на целта, содржината и барањата на GDPR;
  • Ќе се стекнете со потребните знаења за успешна имплементација на безбедносни, технички и организациони мерки за заштита на личните податоци, согласно барањата на GDPR;
  • Поврзаност на GDPR со ISO 27001 (ISMS) и ISO22301 (BCM);
  • Разбирање на Упатството за проверка на усогласеност согласно принципите на аудит ISO19011;
  • Ќе се здобиете со Меѓународно признат сертификат;
  • Доколку се пријават три или повеќе кандидати од иста организација - попуст од 10%.

 
Обезбедете го Вашето присуство на обуката преку пријавување на:
contact@mobeskvalitet.mk
info@mobeskvalitet.mk
+389(0)25 29 77 05;
+389(0)23 10 36 71;
+389 75 53 10 77

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови