КУРС ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

Изрази ја својата креативност!
Научи ги основите и принципите на графичкиот дизајн! Научи да работиш во Adobe Photoshop и Adobe Illustrator преку работа на реални проекти и решенија. Поттикни ја твојата креативност и реализирај ги твоите идеи во дигитална форма.
 
Инфо за обука
Датум за почеток: 04.02.2020 
Времетраење: 55 часа (распоредени во 19 дена)
Термини: вторник и четврток од 18.00 – 20.30ч
ЛокацијаYES бизнис инкубаторот во Автокоманда
Цена на обуката: 12.000 МКД

- 10% попуст за студенти и невработени = 10.800 МКД (со приложување на индекс или потврда)
- 10% попуст за пријавување на двајца учесници
- 10% попуст за рана уплата на прва рата до 28-ми јануари
- Попустите не се комбинираат​
 
Во цената е вклучен сертификат за учество на обуката, материјали за обуката, кафе и учество со портфолио на онлајн изложба.
Можност за плаќање на повеќе рати.
Пријавување на следниот линк!

Информации
 на trainings@yes.org.mk или на телефон 02 3108 891.
Онлајн изложба: По завршувањето на обуката, ќе биде креирана и онлајн изложба на дизајните добиени од конкретната работа на учесниците на обуката со цел промоција на дизајнерите и нивните портфолиа во пошироката јавност.
  
Погледнете ја онлајн изложбата од учесниците од претходната група!

   


Програма за обука (55 часа)
Графичкиот дизајн претставува визуелна комуникација, уметност која има конкретна задача и цел. Програмата на оваа обука е конкретна, практична и ориентирана кон уметноста и техниката. 
Целта на оваа програма е поттикнување на креативноста на учесниците и подигнување на нивото на естетика на графичко изразување и изработка на графички решенија. Учесниците на оваа обука ќе се запознаат со темелите на графичкиот дизајн, естетските вештини како типографија, илустрација, фотографија, симболи и боја, како и основните софтверски алатки кои се користат во индустријата. По секој час, планирана е изработка на домашна работа со цел практикување на наученото.
Погледни ја целосна програма за курсот.
 
За кого е наменета обуката
Идеален курс за креативци, дизајнери, мали фирми и сите оние кои сакаат да се претстават себе и своите идеи во графичко решение.
Курсот е наменет за сите оние кои сакаат да ги научат основите и принципите на графичкиот дизајн, како и оние кои сакаат да ги усовршат постоечките знаења. Вистински предизвик за средношколци, студенти и возрасни.
За обуката не е неопходно претходно искуство од дизајн или програмите кои ќе се изучуваат.  
 
За предавачот
Ратко Мирчески е дипломиран информатички инженер по интернет и мобилни технологии, а графичкиот дизајн му е пасија уште од најрана возраст. Со цртање и дизајн се занимава уште од основно и средно училиште. Образованието го продолжува на Природно-математички факултет (Институт за информатика) каде ги проширува своите знаења во областа на графичкиот и веб дизајнот (HTML, CSS, Flash, JavaScript, .NET). При крајот на своите студии е главниот веб дизајнер за македонското издание на популарното германско списание Computer Bild, а истовремено го основа и тимот кој започнува да држи компјутерски курсеви во рамки на приватно училиште каде успешно работи како предавач повеќе од 10 години.
Моментално е постојано вработен во македонската компанија Алфа Аудио како ИТ администратор и консултант, каде меѓу другите обврски е одговорен и за содржините на веб сајтот и сите маркетинг активности на компанијата. Истовремено работи како слободен веб и графички дизајнер, соработува со неколку веб портали, а дел од своите креации ги пласира за продажба и преку повеќе веб сајтови за stock фотографии како Fotolia, BigStockPhoto и др.
 
Пријавување
Пријавување за обука на следниот линк!
Повеќе информации може да добиете на trainings@yes.org.mk или на телефон 02 3108 891.
За онлајн уплата кликнете тука!

За уплата во банка:
Примач: ПСМ Фондација
Банка на примачот: Халкбанк
Сметка: 270000001048942
Цел на дознака: Обука за Графички дизајн
 
Зошто ПСМ бизнис инкубатор
ПСМ Фондација, со главна компонента бизнис инкубатор, постои од 2005 година и претставува вистински синоним за претприемништво. ПСМ Фондација како дел од своите активности нуди специјализирана бизнис поддршка, организира бизнис настани, настани за вмрежување, како и тематски обуки и ИТ обуки. 
Во изминатите години поддржавме и овозможивме раст и развој на повеќе од  120 компании, повеќе од 7500 млади луѓе  учествуваа на настаните кои ги организиравме и повеќе од  4000 млади луѓе и претставници од компании  посетуваа обуки поврзани со претприемништво и ИКТ индустрија. 
Биди и ти дел од оваа успешна приказна! 

Галерија

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови