ОБУКА ЗА НАПРЕДЕН MICROSOFT EXCEL

Успехот не е случајност! Она што денес ја издвојува една личност од масата народ и ја прави успешна е поседување на вистинско знаење и вештини, како и нивна правилна примена во деловното работење.

Научете да работите ефикасно! Навлезете во тајните на MS Excel и заменете недели мануелна работа со работа од само неколку часа при креирање на решение за конкретен проблем.

Преземете иницијатива! Подигнете ја сопствената продуктивност на повисоко ниво, импресионирајте со вашите деловни резултати преку автоматизирање на комплексни пресметки  и станете еден од најбараните и високо платени кадри!

 

ИНФО ЗА ОБУКА
Датум за почеток: 11.11.2019 (понеделник)
Времетраење: 33 часа (распоредени во 11 дена)
Термини: понеделник и среда од 18.00 – 20.30ч

ЛокацијаYES бизнис инкубатор
Цена на обуката:  6500 МКД
  • 10% попуст за студенти и невработени =  5850 МКД (со приложување на индекс или потврда)
  • 10% попуст за пријавување на двајца учесници
  • 10% попуст за рана уплата до 03.11 .2019 год.
*Попустите не се комбинираат​

Во цената е вклучен сертификат за учество на обуката, материјали за обуката, и кафе за време на паузите.
Можност за плаќање на 2 рати.


Пријавување на следниот линк!

Информации на trainings@yes.org.mk или на телефон 02 3103 660 и 02 3108 891.


ПРОГРАМА ЗА ОБУКА (33 часа)
Можностите на програмата MS Excel се навистина големи. Програмата од оваа обука ги опфаќа понапредните опции и функции во MS Excel, со чие изучување и практична примена се овозможува автоматизирање на покомплексни пресметки кои зависат од повеќе влезни параметри кои може да се променливи по природа. Резултатот ќе бидат извештаи, табели и графикони кои резултатите од нашата работа и анализа ќе ги прикажат на еден модерен и разбирлив начин.
Целта на оваа обука е да се навлезе во тајните на MS Excel, да се одредат напредните функции и да се покажат напредни методи и техники за работа во оваа програма преку конкретни примери. Преку работа на час и вежби за дома, учесниците ќе имаат можност да се соочат со анализа на големи низи од податоци, пресметки и пребарување низ истите, а на крајот и визуелна репрезентација.
Особен акцент ќе биде даден и на вгнездување на повеќе функции една во друга за да може да се направат комплексни пресметки со користење на само една поголема формула, како и посебен ден за работа само со PIVOT табели и посебен ден посветен само на графиконите.
Ќе научиме нашата работа да ја заштитиме од љубопитните погледи на другите преку заштита на работните листови и документите, за да не дозволиме некој друг да се кити со нашиот труд. Притоа, ќе користиме проверка на внесените податоци преку опциите за валидација на податоци со што ќе го оневозможиме грешното внесување на податоци и со тоа ќе ги заштитиме нашите пресметки од грешни резултати во старт.


Содржина:
  • Вовед, општо повторување, формули и логички функции
  • Условно форматирање, работа со валидација и заштита на податоци
  • Именување на келии и рангови од келии и нивно користење во формули, прецизна селекција, анализа на  формули и пронаоѓање на грешки
  • Работа со статистички функции, математички функции, информативни функции, функции за текст, функции за пребарување низ податоци и бази на податоци
  • Работа со линкови и хиперврски меѓу листови и документи, поврзување со Word, PowerPoint, Access
  • Импортирање на податоци од надворешни бази, работа со PIVOT табели и анализа
  • Напредна работа со графикони, креирање графикони од PIVOT табели
     
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА
Одлична можност за сите кои секојдневно работат со многу податоци како и оние кои сакаат да го усовршат своето знаење во користење на MS Excel. Особено применливо при сметководствени пресметки, бизнис анализа, генерирање извештаи, визуелен приказ на извештаи и секако сите професии каде се бара погоре наведеното. Одлична можност и за студенти од секој профил, затоа што наученото со овој курс се бара секаде, во секоја фирма, банка, институција, било да е мала или голема. 

Важно: За обуката е задолжително претходно познавање од основи на работа со MS Excel, работа со поедноставни формули и функции, разбирање на концептот на повикување на ќелии при пресметки и во функции, како и креирање на едноставни графикони.

 
ЗА ПРЕДАВАЧОТ
Ратко Мирчески е дипломиран информатички инженер по интернет и мобилни технологии, а ИТ технологиите му се пасија уште од најрана возраст. Со цртање и дизајн се занимава уште од основно и средно училиште. Образованието го продолжува на Природно-математички факултет (Институт за информатика) каде ги проширува своите знаења во областа на графичкиот и веб дизајнот (HTML, CSS, Flash, JavaScript, .NET ...). При крајот на своите студии е главниот веб дизајнер за македонското издание на популарното германско списание Computer Bild, а истовремено го основа и тимот кој започнува да држи компјутерски курсеви во рамки на приватно училиште каде успешно работи како предавач повеќе од 10 години.
Моментално е постојано вработен во македонската компанија Алфа Аудио како ИТ администратор и консултант, каде меѓу другите обврски е одговорен и за содржините на веб сајтот и сите маркетинг активности на компанијата. Истовремено работи како слободен веб и графички дизајнер и одржува обуки на разни теми од областа на ИТ.


ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавување за обука на следниот линк!

Повеќе информации може да добиете на trainings@yes.org.mk или на телефон 02 3103 660 и 02 3108 891.

За онлајн уплата кликнете тука!

За уплата во банка:
Примач: ПСМ Фондација
Банка на примачот: Халкбанк
Сметка: 270000001048942
Цел на дознака: Обука за Ексел


ЗОШТО ПСМ БИЗНИС ИНКУБАТОР
ПСМ Фондација, со главна компонента бизнис инкубатор, постои од 2005 година и претставува вистински синоним за претприемништво. ПСМ Фондација како дел од своите активности нуди специјализирана бизнис поддршка, организира бизнис настани, настани за вмрежување, како и тематки обуки и ИТ обуки. 
Во изминатите години поддржавме и овозможивме раст и развој на повеќе од  100 компании, повеќе од 7500 млади луѓе  учествуваа на настаните кои ги организиравме и повеќе од  3500 млади луѓе и претставници од компании  посетуваа обуки поврзани со претприемништво и ИКТ индустрија. 

Биди и ти дел од оваа успешна приказна! 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови