ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ

Со цел поттикнување на наставниците и наставничките, ученичките и учениците да ги препознаат своите способности, да ги усовршуваат своите вештини и да соработуваат во насока на остварување на заеднички цели, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Министерството за образование и наука (МОН) објавија Предизвик за млади истражувачки и истражувачи .

Истражувачките проекти треба да бидат од областите на природните и техничките науки. Процесот на истражување треба да се основа на „научен метод“, односно да вклучува формулација, тестирање и потврда/модификација на хипотеза по пат на експеримент и набљудување.

Времетраењето на истражувачките проекти не треба да надминува 6 (шест) месеци и треба да бидат комплементарни на наставните програми и да соодветствуваат со когнитивните способности на возрасната група. Резултатите треба да се видливи, како што се на пример истражувачки есеј, изработка на проектна задача, изработка на прототип, аудио-визуелен материјал, дигитален материјал и слично.

Повикот се однесува на сите основни и средни училишта на територијата на Република Македонија кои имаат креативни ученички и ученици со желба да истражуваат и освојуваат награди. За да се пријави на Предизвикот за млади научници секој натпреварувач треба да:
  • Поднесе пополнет, потпишан и печатиран образец за Проектна апликација со Буџет на проектот
  • Поднесе кратки биографии на наставникот/чката/ците – лидери на проектот
  • Поднесе Тековна состојба од Централниот регистар не постара од 6 месеци.
 
Пријавувањето на Предизвикот за млади истражувачки и истражувачи трае до 31.03.2019 година заклучно со 23:59 часот.

Повеќе информации и детали: http://www.fitr.mk/predizvikzamladi2/#toggle-id-1

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови