Фондација Претприемачки Сервис за Млади во партнерство со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) и АРК Фонд од Бугарија во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка на иновации“ го објавија првиот онлајн курс за иновациски менаџмент на македонски јазик.
Курсот е наменет за идните претприемачи и веќе постоечките мали и средни претпријатија со цел зајакнување на капацитетите за планирање, имплементација и комерцијализација на иновациски проекти. Тој содржи видео материјали (обуки), вежби и квизови и е бесплатно достапен на платформата pretpriemacedu.mk со претходна регистрација.