Креиран првиот онлајн курс „Креирање на младински политики“

Фондацијата Претприемачки сервис за млади, овој месец, го креираше онлајн курсот „Креирање на младински политики“.

Курсот е наменет за јакнење на капацитетите на граѓанските организации, на младите луѓе и на останатите чинители за активно вклучување во процесите за креирање младински политики и застапување.

Програмата на курсот, кој содржи вкупно 10 модули, нуди богата содржина преку која се објаснува што се младински политики, младинско учество и застапување, кои се процесите на креирање, мониторинг и евалуација на успешни младински политики. Содржините вклучуваат теоретски и практичeн дел и се обработени преку презентации, кои овозможуваат систематско запознавање со темите. Оваа методологија за онлајн учење овозможува активно учество на учесниците, бидејќи секоја целина нуди можност за проверка на знаењето и практична имплементација преку важби и задачи.

Онлајн курсот, бесплатно и со претходна регистрација, е достапен на следниот линк:
 http://pretpriemacedu.mk/?p=7053  

Курсот за младински политики се реализира во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето младински политики“ кој е финансиран од Европската унија а имплементиран од ПСМ Фондација и МКЦ Битола.

За повеќе информации:
Елена Тимчева
elena.timcheva@yes.org.mk
тел: 02 3103 660

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови