Јавен повик за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија

Предмет на јавниот повик е субвенционирање а микро, мали и средни претпријатија основани од државјани на Република Македонија, кои вработуваат над 3 (три) лица преку субвенционирање на 70% од докажаните трошоци, но не повеќе од 300.000,00 денари, направени за следните намени:
 
  • Набавка на опрема и алати,
  • Дизајн на производ и изработка на визуелен идентитет на  производот / услугата - веб страна, дизајн на логотип, рекламен материјал (70% од докажаните трошоци, но не повеќе од 60.000,00 денари),
  • Учество на домашни саеми во текот на 2017 (70% од докажаните трошоци, но не повеќе од 60.000,00 денари).
 
Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година дел II, A. Поддршка и развој на мали и средни претпријатија, мерка 2 - Финансиска поддршка за микро, мали и средни претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/2018), предвидени се средства со вкупен износ од 20.000.000,00 денари.
 
Изборот на апликантите кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик, ќе се прави запазувајќи го принципот „Прв дојден - Прв услужен“, односно по редослед на поднесување на апликациите, до исцрпување на расположливите средства.
 
За останатите подробности од јавниот повик и како да аплицирате на повикот, ве молиме да ги разгледате пропратните документи или да го посетите следниот линк.
 
 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови