ПРЕГОВАРАЧКИ ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШЕН БИЗНИС - професионална обука за личен и бизнис развој

Деловното преговарање  е перспектива од која зависи целокупниот успех на бизнисот!
Ништо не може да биде со толку тесен, но воедно и со толку широк обем на дејствување, како што е водењето преговори. Способноста во исто време да се гради релација на взаемна доверба и да се преговара, внимавајќи на своите фокус цели и интереси, е редок квалитет во бизнис заедницата. 
Подобрете ги сопствените перформанси во преговарањето преку разбирање на скриените елементи на преговарачкиот процес и градете адекватна стратегија за негово успешно развивање и финализирање. Врз база на тоа какви ќе бидете во преговорите, во голем дел ќе зависи и успешноста на деловниот потфат.
 

ИНФО ЗА ОБУКА
Дати: 21, 22 и 23 ноември 2017 
Времетраење: 16.30 - 20.30ч.
ЛокацијаПретприемачки сервис за млади
Цена за три-дневната обука:  6100 МКД  

- 15% попуст за рана уплата до 13-ти ноември, понеделник​
- 15% попуст за пријавување на двајца учесници
 -30% попуст за студенти и невработени = 4270 МКД (со приложување на индекс или потврда)
* Попустите не се комбинираат​
Во цената е вклучен сертификат за учество на обуката, гратис бизнис книга, материјали за обуката и освежување.

Пријавување на следниот линк!
Информации на trainings@yes.org.mk или на телефон 02 3108 891 и 02 3103 660.

 
ПРОГРАМА ЗА ОБУКА
Програмата ќе опфати клучни аспекти и техники од процесот на преговарање, како потребите на клиентите, мотивите и приоритетите на клиентите. Обуката ќе вклучува практични вежби и задачи со цел практикување на наученото и давање на конкретен фидбек односно насоки за подобрување. Ќе се зборува за пристапите на преговарањето, фазите на преговарањето од подготовка до затворање на процесот, карактеристики и критички фактори на преговарањрто во смисла на целите и интересите на засегнатите страни, како и историја на соработката, потоа вештини на преговарањето, негативни трендови и на кој начин да се продолжи по закочен преговарачки процес:
  • Вовед
  • Комуникациските вештини во преговарачкиот процес
  • Пристапи во преговарањето
  • Фази во преговарањето
  • Карактеристики на преговарањето
  • Критични фактори (варијабли) во преговарањето
  • Употреба и искористување на отстапките
  • Препознавање на негативни трендови
  • „Одмрзнување“ на закочен преговарачки процес
  • Сумирање и евалуација на тренингот
  ПРИДОБИВКИ
Обуката ќе овозможи бројни резултати за учесниците како што е подобрување на перформансите во преговарањето преку стекнување јасен увид во есенцијалните фактори на влијание во прегповарачкиот процес, преку јасно дефинирање на тоа што е и што не е преговарањето. Исто така ќе се откријат разликите во преговарачките пристапи, точно ќе се идентификуваат преговарачките фази. Дополнително ќе се развие чувството на препознавање на клучните преговарачки варијабли на другата страна, ефективно ќе се мапираат успешните преговарачки процеси преку принципиелен пристап. Конечно ќе се разберат скриените елементи и градењето на адекватна стратегија за успешно развивање и заокружување на преговарачкиот процес.
 

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА
  • Стартап компании
  • Продажни тимови 
  • Продажни агенти
  • Менаџери на клучни клиенти
  • Супервизори на продажба
  • Раководители на продажба
  • Посредници во продажба
  • За сите оние кои сакаат да ги зајакнат своите преговарачки вештини и да се стекнат со клучни знаења и совети за подобар пристап во комуникација со клиентите 
 ЗА ПРЕДАВАЧОТ
Митко Керамитчиев е деловен консултант и тренер за бројни деловни вештини со потесна специјализација во продажба, услуга и дистрибуција. Тој е еден од најдокажаните македонски консултанти со повеќе од 600 успешно реализирани обуки, семинари, работилници и консултантски сесии за најуспешните македонски компании со речиси сите деловни сектори - банкарство, енергетика, осигурување, градежништво, транспорт, рударство, спорт, автомобилска индустрија, производство на различни стоки и репро-материјали, дистрибуција на стоки за широка потрошувачка, информатика и комуникација, фармација, тутунска индустрија, угостителство, итн.
Митко е истотака поранешен менаџер во повеќе компании и автор на бизнис литература. Работејќи за или тесно соработувајќи со големи интернационални бизнис гиганти и светски познати брендови бил во прилика да го спроведува нивното глобално know-how на македонскиот и регионалниот пазар. Wrigley, Allied Domecq, Colgate-Palmolive, Johnson&Johnson, Dr. Oetker, Johnson Wax, Hipp, Nestle, AWT International, Alma-M се дел од организациите за кои Керамитчиев работел или соработувал.
Неговата консултантска и тренерска пракса и покрај и  формалното образование (МВА), доминатно ја црпи и базира на сопствено искуство и принципите за кои зборува ги поткрепува со сопствени примери. Самиот е учесник на бројни семинари во земјата и странство.

  
ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавување за обука на следниот линк!
Повеќе информации може да добиете на trainings@yes.org.mk или на телефон 02 3108 891 и 02 3103 660.

За онлајн уплата кликнете тука!
За уплата во банка:
Примач: ПСМ Фондација
Банка на примачот: Халкбанк
Сметка: 270000001048942
Цел на дознака: Преговарачки вештини


ЗОШТО ПСМ БИЗНИС ИНКУБАТОР
ПСМ Фондација, со главна компонента бизнис инкубатор, постои од 2005 година и претставува вистински синоним за претприемништво. ПСМ Фондација како дел од своите активности нуди специјализирана бизнис поддршка, организира бизнис настани, настани за вмрежување, како и тематки обуки и ИТ обуки. 
Во изминатите години поддржавме и овозможивме раст и развој на повеќе од  100 компании , повеќе од 7000 млади луѓе  учествуваа на настаните кои ги организиравме и повеќе од  3000 млади луѓе и претставници од компании  посетуваа обуки поврзани со претприемништво и ИКТ индустрија. 
Биди и ти дел од оваа успешна приказна! 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови