На 20-ти октомври 2017 година (петок) во Атина, Грција, ќе се одржи финалниот настан во рамките на проектот tMAIL со наслов “
Kaко да го промовирате развојот на само-регулираното учење за учениците во основните училишта?”. Настанот се одржува за време на
Конференцијата на отворени општества за отворени училишта, која е организирана во склоп на иницијативата за отворени училници - EDEN Open Classroom.
Во текот на настанот, наставниците кои ќе учествуваат ќе имаат можност:
- Да се запознаете со принципите на само-регулираното учење: кои се полезностите за наставниците и за учениците;
- Да добиете водено практично (hands-on) искуство за користење на наставна апликација за само-регулирано учење;
- Заедно со други наставници, да развиете практични препораки за интегрирање на само-регулираното учење преку наставните програми и во рамки на наставните активностите во вашата училница.
Настанот ќе се одржи на 20-ти октомври 2017 година (петок) во просториите на EDEN Open Classroom Conference, од 12:00 до 18:00 часот, започнувајќи со ручек за запознавање и вмрежување. Практичната работилница ќе започне во 13:00 часот.
Учеството на настанот е бесплатно. За да се регистрирате пристапете на следниот линк:
conference registration site. Ве молиме во формуларот обележете ја опцијата за учество на пред-конференцискиот настан за само-регулирано учење (pre-conference event on Self-Regulated Learning).