МОТИВАЦИСКИ ВИКЕНД

Оваа година на 30ти септември и 01ви октомври со почеток од 16:00ч. во салата Империјал во Македонска опера и балет-МОБ, ќе се одржи четвртиот по ред Мотивациски викенд-настан за мотивација, инспирација, вмрежување и успех, по кој Младите можат стануваат препознатливи како организација.

Мотивациски викенд претставува поддршка на младите да ги остварат своите сништа, да го унапредат својот живот и го искористат својот потенцијал. Да стекнат знаења, вештини и техники со помош на кои ќе научат како да бидат она што го посакуваат и да станат најдобра верзија од самите себе. 

Настанот вклучува: 8 говорници кои ќе го претстават својот пат до успехот, 4 работилници на кои младите ќе се стекнат со вештини за да зачекорат смело кон успехот и можност да остварат контакти. 
Сите новости следете ги на фејсбук настанот .
  
Настанот е од отворен карактер, не е потребно никакво пријавување. Се што треба е широка насмевка и подготвеност да го почувствувате мотивацискиот пулс. 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови