Јавен повик за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија

Во тек е Јавиот повик на Министерството за економија на Република Македонија од Програмата за конкурентност, иновации, и претприемништво за 2017 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 192/2016 и 116/2017). 

Јавниот повик е наменет за микро, мали и средни претпријатија кои се основани од државјани на Република Македонија, кои вработуваат над 3 (три) лица преку субвенционирање на 70% од докажаните трошоци, но не повеќе од 300.000,00 денари, направени за следните намени:

  - Набавка на опрема и алати;
 - Дизајн на производ и изработка на визуелен идентитет на производот/ услугата, веб страна, дизајн на логотип,       рекламен материјал (70% од докажаните трошоци, но повеќе од 60.000,00 денари); 
 - Учество на домашни саеми (70% од докажаните трошоци, но не повеќе од 40.000,00 денари).  

Согласно Програмата за конкурентност, иновации, и претприемништво за 2017 година дел II, А. Поддршка и развој на мали и средни претпријатија, мерка Ia-Финансиска поддршка за микро, мали и средни претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 192/2016 и 116/2017), предвидени се средства во вкупен износ од 6.900.000 денари.

Право на учество на јавниот повик имаат:

- Претпријатија кои не добиле буџетски средства за кофинансирање на трошоци согласно објавените повици по мерките од Програмата за конкурентност, иновации, и претприемништво за 2016 и 2017 година од дел II, А. Поддршка и развој на мали и средни претпријатија;
- Претпријатија регистрирани како ТП, ДООЕЛ, ДОО од лица државјани на Република Македонија кои ги исполнуваат следните услови:

- Претпријатија кои работат најмалку 3 (три) месеци пред објавувањето на јавниот повик (упис во трговсиот       регистар);
- Претпријатија кои имаат деловно седиште на територијата на Република Македонија;
- Претпријатија кои имаат минимум 3 (тројца) вработени на неопределено полно работно време и
- Претпријатија кои имаат намирени обврски кон државата и вработените.

Јавниот повик завршува заклучно со 31.10.2017 година.
Повеќе информации, компаниите можат да добијат на официјалната веб страница на Министерството за економија на Република Македонија и тоа на следниот линк:
http://www.economy.gov.mk/doc/2179

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови