Повик за слушатели на бесплатна обука за вработување

Како дел од активностите на проектот „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на труд преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување“, финансиран од Европската унија, ПСМ Фондација отвора повик за слушатели на бесплатна онлајн обука за вработување. Обуката ќе ја предводи д-р Лазар Ѓуров, еден од најистакнатите и реномирани обучувачи и консултанти во земјата.

„Вработи се“ - обука која ќе ви помогне да ја дефинирате работата која ја посакувате, да го таргетирате вашето идеално работно место на пазарот, да уживате во својата работа и со љубов да зборувате за истата.
 
ИНФО ЗА ОБУКАТА
Место на одржување: YES бизнис инкубаторот во Автокоманда 
Сертификат: Кандидатите кои успешно ќе ја поминат обуката ќе добијат и сертификат за учество.

Пријавување на следниот линк: https://goo.gl/fkgyf6
Информации на trainings@yes.org.mk или на 02 3 103 660 

ПРОГРАМА НА ОБУКАТА
  • Активно барање работа
​           - Тест на личност
            -  Профил на кариера
            -  Опис на потребни квалитети за работна позиција
            -  Избирање можност
  • Како до најдобро CV?
  • Како до најдобро мотивациско писмо?
  • Интервју за работа 
 
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПРОГРАМАТА
Повикот е отворен за сите заинтересирани млади лица на возраст од 18 - 35 г. Потребно е основно познавање во работа со компјутери. Селектираните кандидати ќе бидат контактирани преку е-mail.

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови