Oбука за преговарање и продажни вештини: Зборувајте го јазикот на вашите клиенти

Препознавањето на потребите на клиентите, воспоставувањето доверба и развивањето емпатија и флексибилност во односите со нив секогаш води до успех во продажбата. На луѓето им се допаѓаат слични луѓе. Она што продава е емоцијата која се буди кога клиентот чувствува дека е на вистинското место, со вистински луѓе.
 
Продажбата претставува и комуникациски предизвик. И често наликува на заводлива игра, низ која ги будиме емоциите на нашите клиенти и ги придобиваме. Успешна продажба значи задоволени длабоки, комуникациски потреби на клиентите.
 
Усовршете ги вашите комуникациски вештини низ јазикот на вашите клиенти.
Подигнете ја продажбата на едно сосема ново ниво.
Станете продавач кој клиентите ќе го бараат!



Траење на обуката: 2 дена, 16 часа
Датум: 10 и 17 јуни
Времетраење: 09 – 17 чaсот
Локација: ПСМ бизнис инкубаторот во Автокоманда, Скопје
Цена на обуката: 4600 МКД
Попусти (не се комбинираат):
15% попуст за студенти и невработени= 3910 МКД (со приложување на индекс или потврда)
15% попуст за пријавување на двајца учесници
15% попуст за рана уплата до 29-ти мај
 
Во цената е вклучен сертификат за посета на обуката, освежување, кафе и ручек за време на обуката.
Пријавување на следниот линк!
Информации на trainings@yes.org.mk или на телефон 02 3103 660.
 

 
1)Комуникација и типови на личности
  • Однесување и потреби;
  • Задоволување на потребите;
  • 4 типа на комуникација;
  • Потреби според типови;
  • Конфликти и соработка.
 
2)Доверба
  • Изградба на доверба и елементи на процесот;
  • Вештини за изградба на доверба;
  • Емпатија.
 
3)Карактеристики на типовите личности
  • Комуникациски потреби;
  • Донесување на одлуки;
  • Реакции на стрес;
  • Планирање на состаноци;
  • Дефанзивно однесување.
 
4)Справување со различни типови на клиенти
  • Флексибилност;
  • Тешки клиенти;
  • Процес на продажба и преговарање во 6 чекори.
 
5)Практична употреба на предложени техники и процес на интроспекција и евалуација
 


Програмата ја препорачуваме на сопственици на компании, стартапи, менаџери за продажба, млади претприемачи, продажни тимови и за сите оние кои сакаат да ги зајакнат своите комуникациски вештини и да научат нов пристап за поуспешно работење.
 


Елена Антоновска Едизер е сертифициран Професионален коуч на Ериксоновиот колеџ од Канада и тренер. Во март 2017 година е прогласена за најуспешна жена менаџер за 2016 година од областа на личниот и професионалниот развој.
Некои од вештините и методите кои влегуваат во нејзиниот домен на работа се: PCM Coach (Process Communication Model), Wing Wave coach, NLP Practitioner, CEFE trainer, Regression therapist, Reiki Master, итн. Нејзиното професионално искуство е стекнато во разни бизнис опкружувања, од државни институции, осигурување, односи со јавност и работа со индивидуи и групи во полето на продажба, лидерство и менаџерски вештини, комуникација и коучинг насочен кон решенија, претприемништво, невро-лингвистичко програмирање, алатки за проценка, личен и професионален развој и практични пристапи кон самореализација.
Елена А. Едизер го основа Центар за личен развој уште во 2007 година, а денес успешно ја раководи Ars Lucida – Coaching & Training во Скопје, место каде се применуваат вештини, техники, методи и знаења кои ги покриваат сите аспекти на човекот како целина, ориентирани кон успешна трајна трансформација на поединците и групите.
 

 
Пријавување за обуката на следниот линк!
Повеќе информации може да добиете на trainings@yes.org.mk или на телефон 02 3103 660.
За да го резервирате вашето место потребно е да извршите уплата најдоцна до 6-ти јуни 2017.
 
За онлајн уплата кликнете тука!
За уплата во банка:
Примач: ПСМ Фондација
Банка на примачот: Халкбанк
Сметка: 270000001048942
Цел на дознака: Обука за преговарање и продажни вештини
 


ПСМ бизнис инкубаторот е главна компонента на Фондацијата за Претприемачки сервис за млади, претставува вистински синоним за претприемништво од 2005 година до денес. ПСМ Фондација како дел од своите активности нуди специјализирана бизнис поддршка, организира бизнис настани, настани за вмрежување, како и тематки обуки и обуки од областа на информатичките и комуникациските технологии.
Во изминатите години поддржавме и овозможивме раст и развој на повеќе од 100 компании, повеќе од 7000 млади луѓе учествуваа на настаните кои ги организиравме и повеќе од 3000 млади луѓе и претставници од компании посетуваа обуки поврзани со претприемништво и ИКТ индустријата.
Биди и ти дел од оваа успешна приказна!
 
  

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови