„15 години со љубов градиме сигурни и среќни домови по мерка на нашите купувачи“!

 
Интервју со д-р Драгана Чифлиганец, извршен и маркетинг директор во градежната компанија Адора инженеринг
 
 
  1. Како започна приказната на Адора инженеринг?
Успешната македонска градителска приказна Адора инженеринг започна пред 15 години, на 28-ми август 2002-ра година. Нашиот пример е уште една потврда на старата мудрост „Секое лошо е за добро и мора една врата да се затвори, за друга да се отвори“. Благодарение на храбрата и визионерска одлука пред една и пол деценија, денес Адора инженеринг е лидерска компанија во високоградбата во Македонија со 400 вработени, 40 изградени станбено-деловни објекти со површина од 250.000 м² и 2.700 продадени домови со 13.000 станари, што е колку еден град.  Успешните резултати и значајниот придонес на Адора во македонската економија за нас е гордост, но и голема обврска да се задржиме на врвот и во иднина, што воопшто не е едноставно во ова специфично време во кое живееме.

  1. Кој Ви беше најголемиот предизвик за да се пробиете на пазарот?
Наш предизвок е Македонија да има станбени објекти со светски квалитет на домување, што значи и економични на долг рок, a наша цел е да градиме домови со илјадници среќни мигови на м². Со цел да сме први во примената на современите светски трендови кај нас, пред десет години ги воведовме енергетски ефикасните станови, кога јавноста тука воопшто немаше информации или многу малку беше запознаена со придобивките од еко домовите. Екологијата, што се актуелизира инцидентно, кога има загадување, за што е неопходна перманентна грижа од сите, во нашата компанија е приоритет од самиот почеток. Ние први ги воведовме фотоволтаиците на сончева енергија за осветлување на заедничките делови на објектите, од што најголеми придобивки имаат станарите, кои за тоа не плаќаат посебнио сметки за струја. Со хортикултурно оплеменување на околината на станбените објекти започнавме пред 15 години засадувајќи зелен еко дрворед околу нашиот прв објект во Карпош, што прерасна во традиција. Препознатливи сме по безбедните градби кои на купувачите им нудат домување на едно повисоко ниво, преку вградените материјали и иновативните решенија, стилот и дизајнот на екстериерот и ентериерот, карактеристиките и функционалноста, со што сакаме да ги задоволиме потребите и на најпребирливите купувачи.  
 
  1. Кои вредности треба да се поседуваат за да се стане дел од Адора и на кој начин ги мотивирате 400-те вработени да се подобри во работата?
 
Единствени критериуми да се биде дел од тимот на Адора инженеринг се стручниот потенцијал, желбата за континуирано образование, трудољубивоста,  иновативноста и подготвеноста за тимска работа. Секако од голема важност се и универзалните човечки вредности како чесноста, искреноста и храброста за соочување со предизвиците, без што не е може да постои добар работен кадар, што за нас во Адора е најголемо богатство и најважен двигател на развојот на компанијата, како и на општеството. Адора целосно ги поддржува и стимулира вработените во подигнување на степенот на едукација и стручното усовршување, за следење и имплементација на современите меѓународни стандарди и трендови во домувањето. Тимот ги споделува успесите, обврските и одговорностите во работата, но знаеме заслужено да се дружиме и релаксираме, што не прави задоволни и среќни.  
 
  1. Со кој проект најмногу се гордеете?
 
Да се издвои само еден од реализираните проекти е како родителите да ги прашате кое дете најмногу го сакаат. Објектот во скопски Карпош си има посебно место како наш првенец. Со секој нов објект се трудиме да бидеме сѐ подобри, поквалитетни и уникатни, пред сѐ во корист на купувачите, како и на пошироката заедница Јубилејната 15 годишнина ја одбележуваме со двата најнови, посебни објекти Адора Flatiron Скопје и Адора Diamond Garden. Навистина сме горди на новата урбана убавица што стана препознатлив архитектонски симбол во срцето на метрополата, која се разубавува со новото одело, прекрасната органска фасада, елегантните тераси и ноќната илуминација. На друга атрактивна дестинација во Карпош-Тафталиџе, градиме урбана Дијамантска градина на Адора, која го носи светскиот тренд на зеленото домување во Македонија.
 
  1. Со какви сѐ награди се има стекнато Адора инженеринг ?
 
Репутацијата на Адора е интернационално потврдена со четири престижни меѓународни награди, меѓу кои посебно ни е драга The Bizz 2016 што ја добивме во Монте Карло, за иновативност во стилот и квалитетот во домувањето во Адора Flatiron и Адора Diamond Garden, како и наградите за квалитет во Париз, за градежништво во Мадрид и за најдобра компанија и менаџер во Виена, доделени од реномирани светски бизнис асоцијации. Вистинска сатисфакција од работата и голем мотив за нас се и 20-те национални награди и признанија што Адора ги има добиено во различни области, од градежништвото, екологијата, до општествената одговорност.  Сепак, најголема награда за нас се задоволните клиенти кои секојдневно не препорачуваат и тоа ни е знак дека сме на вистинскиот пат.
 
  1. Што е она што ја прави Адора поразлична од другите градежни компании ?
 
Познато е дека сигурен дом се гради на цврст темел, како и дека Адора инженеринг е синоним за цврста и сигурна градба. Од најголема важност за тоа е структурата на вградените бетони, што според анализите е со 51 % повеќе  јакост од проектираното. Врвната сезимичка стабилност и статика на станбените објекти, нашата компанија за прв пат во Македонија ја докажа со вештачки земјотрес, што ни стана практика, а целта е никогаш да не ни се повтори Скопје 1963-тата. Препознатливи сме по тоа што нашите купувачи секогаш добиваат повеќе од дом, неодамна ја доделивме наградата дијамантски прстен, до крајот на годинава ќе биде доделена наградата автомобил Мазда, претходно доделивме автомобил Поло, имавме наградни патувања за Дубаи и Венеција, опремување на дом, комплетно високо образование и друго. Веќе спомнав дека ги изградивме првите енергетски ефикасни домови и го добивме првиот енергетски пасош А-класа во Македонија. Воведовме звучна изолација далеку над македонските стандарди сертифицирана од реномираниот светски бренд Rigips ( Saint Gobain ), за тивок дом и мирен сон на станарите во урбаното јадро на Скопје. Адора Flatiron Скопје е првиот станбен објект во Македонија со фасада од органско потекло што дише, од реномираниот бренд STO, водонепропусна и паропропусна, што овозможува еко комфор и здрав воздух во домот. На купувачите им нудиме дом со комплетен комфор, светлосен, со изобилство на природна светлина и свеж воздух од атриумите, топлински, со долгорочна повеќекратна заштеда на енергија за греење и ладење, еко и звучен комфор.
 
  1. Која е најчестата маркетинг алатка која што според Вас е најкорисна за оваа дејност и колку ги користите социјалните мрежи?
 
„Само делата се вистина“ е мотото на Адора инженеринг, што само по себе кажува дека изградените објекти и задоволните клиенти се нашиот најголем маркетинг. Среќни сме што нашиот квалитет е препознаен и најдобрата препорака за нас е мислењето во јавноста: Ако сакате квалитетен дом, изберете ја Адора инженеринг, што е мотив секогаш воведуваме новини во комуникацијата. На последниот саем на недвижности RealExpo 2017 во Скопје вистински хит беше звучната соба на на штандот на Адора, направена од повеќеслоен ѕид. На оригинален, автентичен начин, на посетителите им се доловуваше разликата на внатрешната силна звучност и надворешната тишина, со што се презентира одличната звучна изолација во нашите нови објекти. За нашите купувачи имаме постојано награди, изненадувања и внимание, а довербата ни ја имаат дадено и познати естрадни личности со кои заедно организираме хуманитарни и други проекти за поддршка на заедницата. Се разбира, доста го користиме веб маркетингот, имаме три website, fb, linkedin, instagram, youtube channel, кои се доста посетени, лајкувани и коментирани, што ги комбинираме со електронските, печатените медиуми и други комуникациски алатки.
 
  1. Што би им препорачале на младите претприемачи, кои сакаат да започнат бизнис во градежниот сектор?
 
Да имаат јасна цел и визија, храбро срце и упорност, жед за нови сознанија и постојано усовршување, да вложуваат постојано во себеси и развојот на човечките ресурси, во примена на современите стандарди, технологии и трендови, не штедејќи средства, време и енергија. Единствено, доколку репер ни се светските трендови и достигнувања, може да просперираме во секој бизнис, од што не е исклучок градежниот сектор. На младите преприемачи им порачувам да не се задоволуваат со просечност, да сонуваат многу и без граници и да не се обесхрабруваат, бидејќи нема лошо време, туку секое време е добро за издржани одлуки од кои ефектите треба да ги очекуваме на среден и долг рок. Ништо не се создава лесно и веднаш, туку само со темелна работа, истрајност и мудрост. Во моите колумни често пишувам за негативните ефекти од комфорната зона на секојдневието, поттикнувајќи ги читателите да не чекаат, да се охрабрат, да планираат и да се подготвуваат, да имаат  позитивна мисла, фокус и приоритети, да ги игнорираат негативците, да се справуваат со стравовите во себеси...  
 
  1.  Што претставува за Вас долгогодишното мото на Адора инженеринг „Само делата се вистина?
„Само делата се вистина“ е мото под кое започна, се развиваше и се потврдува Адора инженеринг 15 години. Тоа значи дека вистината за нас ја раскажуваат изградените објекти и донации за заедницата. Освен реалните и видливи дела, меѓу нив се и хуманите проекти за поддршка на бројни поединци, институции, форуми и асоцијации, на што сме особено горди.  
Но пред сé и над сé, нашето мото ја симболизира вистината дека изградбата на домови за нас е висок морален и одговорен чин за  квалитетен и среќен живот и сигурна иднина на повеќе генерации граѓани.
 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови