Работилница за личен развој: Како да креираш поуспешна верзија од себе си

Доколку сакате да креирате живот исполнет со страст, достигнувања и награди, најдобриот начин е преку личен раст и развој. Но, пред да ја направите позитивната промена, потребно е подобро да разберете што ве движи напред.
Оваа работилница претставува совршено место за откривање и стекнување на нови знаења и техники, преку кои ќе развиете едно ново разбирање за себе. Ќе имате можност да се фокусирате на вашиот личен развој, да ги подобрите личните перформанси, потенцијали и ефикасноста, и да го подигнете нивото на свесност.
Не е важно каква е вашата моментална состојба, важно е дека вие можете да ја промените, бидејќи вашата историја не ја детерминира вашата судбина.

Датум: 03 и 04 мај (8 часа)
Времетраење: 17–21 ч
ЛокацијаYES бизнис инкубаторот во Автокоманда
Цена на обуката: 2200 МКД
  • 15% попуст за студенти и невработени= 1870 МКД (со приложување на индекс или потврда)
  • 15% попуст за пријавување на двајца учесници
  • 15% попуст за рана уплата до 24-ти април
         (Попустите не се комбинираат)

Во цената е вклучен сертификат за посета на обуката, гратис книга “333 Афирмации” и освежување за време на обуката.
Пријавување на следниот линк!
Информации на trainings@yes.org.mk или на телефон 02 3 103 660.

Програмирај го умот за најдобро
  • Превземи  100% одговорност за својот живот и сопствените резултати
  • Ослободи ги кочниците – моќта на афирмацијата
  • Гледај го тоа што го сакаш добиј го тоа што го сакаш – моќта на визуелизацијата
Во мојот свет сѐ е возможно
  • Одлучи што сакаш
  • Поставување на цели
  • Верувај дека е возможно

Работилницата е наменета за сите оние, млади или возрасни, претприемачи, менаџери, студенти и останати лица, кои сакаат да станат поуспешни, посреќни, да ги подобрат личните перформанси, потенцијали и ефикасност.

Катерина Ангеловска е тренер за личен развој, креатор на програмата Успех без граници и автор на книгата “333 Афирмации” .
Нејзиниот авантуристички и позитивен дух во психологијата и филозофијата резултира со звањето сертифициран тренер за принципи за успех по методот на Jack Canfield. Програмата по која ја препознаваме Катерина е базирана според принципите за успех на Jack Canfield. Таа води рaзновидни обуки и работилници за личен развој и целосно е посветена на мотивирање, инспирирање и тренинг на денешните генерации, со цел да ја пронајдат големината и моќта во себе, и да станат творци на својот живот.
Книгата 333 Афирмации е нејзина прва книга преку која не води низ светот на позитивната творечка мисла. Таа верува дека развојот на позитивната состојба на умот е една од најмоќните животни стратегии. Афирмациите како техника за позитивно размислување се дел од нејзината програма.
Ова се само некои од компаниите кои ја имаат прилагодено програмата на Jack Canfield за нивни потреби: Virgin Records, Sony Pictures, Merril Linch, Monsanto, Hartford Insurance, Glaxo Smith-Kline, Scott Paper, Coldwell Banker, Federal Express, TRW, Ameritech, Young President`s Association, General Electric, U.S.Department of the Navy, Siemens, Children`s Miracle Network и многу други.

Пријавување за обука на следниот линк!
Повеќе информации може да добиете на trainings@yes.org.mk или на телефон 02 3103 660.
За да го резервирате вашето место потребно е да извршите уплата најдоцна до 28 април 2017.
За онлајн уплата кликнете тука!
За уплата во банка:
Примач: ПСМ Фондација
Банка на примачот: Халкбанк
Сметка: 270000001048942
Цел на дознака: Работилница за личен развој


ПСМ Фондација, со главна компонента бизнис инкубатор, постои од 2005 година и претставува вистински синоним за претприемништво. ПСМ Фондација како дел од своите активности нуди специјализирана бизнис поддршка, организира бизнис настани, настани за вмрежување, како и тематки обуки и ИТ обуки.
Во изминатите години поддржавме и овозможивме раст и развој на повеќе од 100 компании, повеќе од 7000 млади луѓе учествуваа на настаните кои ги организиравме и повеќе од 3000 млади луѓе и претставници од компании посетуваа обуки поврзани со претприемништво и ИКТ индустрија.
Биди и ти дел од оваа успешна приказна!
 
  

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови