ЕЕСТЕК Академија ќе го имплементира 4-от модул посветен на 3D анимацијата

Поради се поголемата побарувачка на практична едукација наспроти теоретска, студентската организација ЕЕСТЕК создаде проект наречен ЕЕСТЕК Академија. Главната цел на ЕЕСТЕК Академија е да создаде суплемент во образованието, со што ќе им обезбеди на студентите еден неконвенционален начин на образование. Тоа го постигнува со модули концепирани во вид на работилници и соработка со професионалци и експерти од дадена област. 
 
Четвртиот модул е посветен на 3D анимацијата и истиот ќе се одржи од 3-ти до 13-ти април во просториите на ФИНКИ. 
 
Настанот ќе брои 30 учесници од техничкиот кампус, кои ќе работат на технологии од стручен карактер и со помош на професионалци и експерти од областа ќе се запознаат повеќе со темата.  Студентите ќе работат во програмот “Maya” и ќе имаат можност да научат да го користат на понапредно ниво, а крајниот продукт ќе биде анимиран лик кој ќе го сработат партиципантите самостојно. Со цел ова да се реализира на ефективен начин, партиципантите ќе бидат обучувани од експерти за „Maya“ од Академијата M3DS.
 
По завршувањето на овој модул секој од учесниците ќе добие диплома како знак на признание за своето учество.
 
Од организацијата повикуваат сите заинтересирани студенти да аплицираат на следниов линк.
 
Повеќе информации за настанот и за агендата може да погледнете на следниот линк.
 

 
 
 
 
 

Галерија

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови