12 начини како да заработиш со Adobe Phоtoshop

Со растење на важноста на дигиталните фотографии, софтверот за уредување на слики како што е Adobe Photoshop, ја зголеми својата употреба и популарност.
Сепак да научите да работите со Фотошоп не е лесно. Софтверот е скап, и патот кон учењето е прилично стрмен. Вие навистина треба да се посветите за да го научите софтверот однадвор, но и одвнатре. Потребни се повеќе од технички вештини, треба да бидете креативни, ако сакате да напредувате во Фотошоп.
Сепак да научите како да ја искористите моќта на Фотошоп може да биде многу наградувачко. Совладувањето на царството на визуелната графика на Фотошоп може да ви овозможи доста добар приход. Добрата монтажа и креативните вештини во Фотошоп можат да ви отворат кариерна можност, без разлика дали ќе го работите со полно работно време, или пак како бизнис со скратено работно време.
Еве 12 начини на кои што можете да заработите како фриленсер користејќи ги вашите вештини во Фотошоп:
  1. Отворете служба за фотомонтажа.
Еден од можните бизниси кои што можете да ги започнете е да понудите уредување на дигитални слики и услуги за оптимизирање на сликите. Вие во основа ја добивате помалку совршената слика на вашиот клиент и ја претворате во ремек дело.  Клучно е да се понуди високо квалитетна услуга по разумна цена.
  1. Пишувајте туторијали за Фотошоп.
Можете да ги напишете и продадете вашите туторијали на сајтови или пак директориуми за статии, било каде започнувајќи од 10$ па се до 100$, во зависност од должината и квалитетот на вашиот туторијал. Бидете спремни да напишете туторијал со барем 1000 зборови, детално објаснувајќи се чекор по чекор, со приложен принтскрин. Примери за туторијал теми можат да вклучат, ефекти/манипулација со слики, современ веб дизајн, специјални ефекти или филтер ефекти. Можете да ги користите сајтовите како  што е eHow.com, или најдете хонорарни огласи за работа од веб-сајтови кои имаат потреба од содржината на Фотошоп.
  1. Креирајте сајт за туторијали и заработете преку рекламирање.
Вие исто така можете да направите свој блог или пак веб сајт каде што можете да ги објавувате туторијалите што ги правите, и да заработите од сајтот преку рекламирање. Можете да користите контекстуално рекламирање како што е Google AdSense, да користите мрежа за рекламирање преку банер како што е  BurstMedia, или пак комбинација или пак комбинација од неколку модели и мрежи за рекламирање.
  1. Направете видео туторијал.
 Вие исто така може да заработите со создавање на видео верзии на Photoshop вежби. Можете да заработите преку рекламирање, или со спојување на програми за рекламирање како што се Partner програмата на YouTube. Можете да го прочитате написот "8 Начини да заработите пари од интернет видеозаписи" за повеќе идеи за тоа како може да се претвори вашето видео во профитабилно.
  1. Заработете пари преку правење на база на фотографии.
Можете да ги комбинирате вашите вештини од Фотошоп и фотографија за да созадете база на фотографии. Фотографиите може да се користи како содржина за филмска продукција или видео. Исто така има голем број на сајтови за вакви фотографии како што е Dreamstime, кои ги плаќаат хонорарците, и можете да заработите од 20% до 65% од продажната цена на вашите слики, во зависност од ексклузивноста на вашата понуда.
  1. Отворете служба за реставрација на слики.
Исто така можете да отворите служба за реставрација или подобрување на квалитетот на сликите, или да ги поправите старите/оштетени слики, вклучувајќи и избледени, извалкани, скинати, на кои што им недостасува некој дел, со лоша боја, слики оштетени од вода и слично. Историски друштва, музеи, па дури и семејства со стари семејни фотографии и фотографските наследени предмети можат да го користат ваков тип на услуги. Можете да ја поправите бојата, да ги отстраните сликите во позадина, или да ги отстраните другите луѓе во сликата. Други услуги може да вклучуваат копирање на старите фотографии, дури и оние кои не треба да бидат поправени.
  1. Започнете со бизнис за графички дизајн.
 Можете да се означите себе си како графички дизајнер чија што главна експертиза е уредување преку Фотошоп. Хонорарниот сајт eLance.com, на пример, има околу 843 нови работни места објавени во потрага по експерти во Photoshop. Едно работно место, чие плаќање во опсег е од $ 1,000- $ 5000, доаѓа од продавница за свадбено уредување кои бараат графички дизајнери да направат слики од нивните производи за нивната интернет продавница. Други, пак, се во потрага по помош за дизајн на брошура, уредување дигитална слика, Photoshop mockup на почетната страница на нов веб-сајт, отстранување на слики во позадина, и меѓу другото и насловна слика за печатени каталози. Можете да обработувате сликите професионално и да ги подготвите за секој пазар.
  1. Направете страна на социјалните медиуми за изработка на позадина на страните и креирање на лого.
Се повеќе и повеќе бизниси се создаваат на Фејзбук и Твитер, за да ја зголемат интеракцијата со своите потрошувачи и колеги. На овие професионалци и бизниси потребни им се посебно изработени дизајни за шаблоните во позадина и профилните слики на нивните фан страници. Овие бизниси треба треба да го вклопат нивниот бренд и информациите што им се потребни за да се пренесе нивната позадината и профилната слика на фан страната  креативно. Ова е растечка гранка која што може да се направи од страна на експерт во Фотошоп.
  1. Започнете со бизнис за веб дизајн.
Можете да креирате професионален веб дизајн или пак преко фотографски шаблони. Како експерт во фотошоп можете да го поставите распоредот и целокупната тема на сајтот. Исто така има можности да ги прилагодите блог темите како што е случајот кај WordPress, вклучувајќи и позадини и сопствен дизајн за наслов. Можете да се здружите со програмер за да го кодирате веб дизајнот што сте го создале.
  1. Започнете бизнис со дизајнирање на мајци преку Фотошоп.
Друга опција е да се започне бизнис за дизајнирање на мајци  од сликите што сте ги  создале со помош на Фотошоп. Со користење на Фотошоп, можете да  создадете кул уметничко дело што ќе изгледа многу добро за маици и други облека. Маиците се еден од најпопуларните во светот текстилни производи и вашата оригиналност, креативност и вештини за користење на Фотошоп може да ви овозможи да создадете уникатен дизајн за вашиот бизнис.
  1. Започнете бизнис со картички за честитки.
Сликите  создадени преку Photoshop, исто така може да се користиат за да се создадат честитки. Можете да креирате специјални картички со современа тема; да создадете апстрактни и графички слики и карти, кои се користат во специјален типографски дизајн. Можете да ги продаде вашите креации на претпријатија основани за  картички за честитки, или да започнете свој линија на картички.
  1. Започнете бизнис за дизајнирање на уметност. 
Со вашето познавање на Photoshop, можете да користите art дизајн за ЦД-а, списанија, разгледници и билборди. Вие исто така можете да создадете книга и е-книга . Други можности вклучуваат дизајн на пакувањето, филмски постери, па дури и онлајн реклами.
Погоре се само неколку идеи за тоа како можете да го користите Фотошоп и да заработите пари.
 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови