ОБУКА: Како да изработиш веб сајт со WordPress

Ние не продаваме риби, ние ве учиме да ловите!
Пријави се на обука и направи целосно функционален веб сајт за цена од еден курс.


Зошто WordPress?
WordPress e најпопуларната и најкористената алатка за креирање на веб-сајтови во светот, а ова се само дел од светките брендови кои ja користат оваа алатка: The New Yorker, BBC America, Beyonce, The Rolling Stones, Tech Crunch, Star Wars, MTV news, Ebay, Nokia, Ford, Bata, Sony Music и многу други.

Со оваа обука, ќе научите како најлесно да изработите сопствен веб сајт, а како краен резултат ќе си добиете комплетно функционален веб сајт, бесплатно поставен на сервер во времетраење од 6 месеци.

По завршувањето на курсот и по желба на слушателите вебсајтот може да биде поставен во засебен серверски простор на DDHost.mk со 30% попуст од нивните редовни цени за хостинг и регистрација на сопствен македонски домен.
 

Инфо за обуката
 
Датум за почеток:  13-ти февруари 2017 (понеделник)
Времетраење: 36 часа (распоредени во 12 дена)
Термини: понеделник и среда од 18.00 – 20.30ч

Локација: YES бизнис инкубаторот во Автокоманда
Цена на обуката: 9000 денари
  • 15% попуст за студенти и невработени = 7650 МКД (со приложување на индекс или потврда)
  • 15% попуст за пријавување на двајца учесници
  • Во цената е вклучен сертификат за учество на обуката, материјали за обуката и кафе за време на кафе паузите.
  • Можност за плаќање на 2 рати
 
Пријавување на следниот линк!
Информаци
и на trainings@yes.org.mk или на телефон 02 3108 891.
 
Програма за обука (36 часа)

Акцентот на оваа програма е практичната работа, преку која на крајот од обуката ќе се постигнат конкретни резултати. По секој час планирана е изработка на домашна задача со цел практикување на наученото.

Содржина:
  • Вовед во курсот. Опис на поими и технологии. Теорија низ примери. Конфигурирање на кориснички профили и пристап на сервер.
  • Инсталирање на Wordpress CMS. Основни конфигурации на системот, креирање на страница и пост, креирање на менија и подменија.
  • Напредни конфигурирања на WordPress - опции за заштита од напади, заштита од spam, поставување на мултимедијални фајлови
  • Категории, тагови, коментари, виџети, мултимедија во постови и страници
  • Креирање и менаџирање на сопствен youtube канал во системот, додатоци за следење на посетеноста на сајтот
  • Креирање/интегрирање на сопствено лого во сајтот, уредување на слики, видеа и звук. Преглед на Adobe Photoshop.
  • Додатоци за социјални мрежи, интегрирање на повеќејазичност, интегрирање на реклами.
  • Креирање на галерии со слики
  • SEO (Search Engine Optimization) на сајтот
  • Инсталирање на нова тема на сајтот, прилагодување на содржините
  • Back up на сајтот преку сервер и wordpress. Мејлинг листи.

За кого е наменета обуката?

Идеален курс за мали фирми, креативци, графички дизајнери и сите кои сакаат да се претстават на интернет себе или својата фирма на едноставен и брз начин.

Вистински предизвик за средношколци, студенти и возрасни без потреба од претходни знаења за програмските јазици.

За предавачот

 
Ратко Мирчески 
е дипломиран информатички инженер по интернет и мобилни технологии, а графичкиот и web дизајн му е пасија уште од најрана возраст. Со цртање и дизајн се занимава уште од основно и средно училиште, а е еден од организаторите на секцијата за ликовна уметност за време на своите средношколски денови при УСО Раде Јовчевски - Корчагин.

Тогаш зема учество и како автор на повеќе текстови во популарното средношколско списание „Визија“. Образованието го продолжува на Природно-математички факултет (Институт за информатика) каде ги проширува своите знаења во областа на графичкиот и веб дизајнот (HTML, CSS, Flash, JavaScript, .NET ...). При крајот на своите студии е главниот веб дизајнер за македонското издание на популарното германско списание Computer Bild, а истовремено го основа и тимот кој започнува да држи компјутерски курсеви во рамки на приватно училиште каде успешно работи како предавач повеќе од 10 години.

Моментално е постојано вработен во македонската компанија Алфа Аудио како ИТ администратор и консултант, каде меѓу другите обврски е одговорен и за содржините на веб сајтот и сите маркетинг активности на компанијата. Истовремено работи како слободен веб и графички дизајнер, соработува со неколку веб портали, а дел од своите креации ги пласира за продажба и преку повеќе веб сајтови за stock фотографии како Fotolia, BigStockPhoto и др.
 
Пријавување
 
Пријавување за обука на следниот линк!
Повеќе информации може да добиете на trainings@yes.org.mk или на телефон 02 3108 891.

За да го резервирате вашето место потребно е да извршите уплата најдоцна до 06 февруари 2017.
За онлајн уплата кликнете тука!

За уплата во банка:
  • Примач: ПСМ Фондација
  • Банка на примачот: Халкбанк
  • Сметка: 270000001048942
  • Цел на дознака: Обука за Вордпрес
 
Зошто ПСМ Бизнис инкубатор?

ПСМ Фондација, со главна компонента бизнис инкубатор, постои од 2005 година и претставува вистински синоним за претприемништво. ПСМ Фондација како дел од своите активности нуди специјализирана бизнис поддршка, организира бизнис настани, настани за вмрежување, како и тематки обуки и ИТ обуки.

Во изминатите години поддржавме и овозможивме раст и развој на повеќе од 100 компании, повеќе од 7000 млади луѓе учествуваа на настаните кои ги организиравме и повеќе од 3000 млади луѓе и претставници од компании посетуваа обуки поврзани со претприемништво и ИКТ индустрија.

Биди и ти дел од оваа успешна приказна!
 

 
 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови