Школото на Иднината организира „Зимска Академија по Програмирање “

                    School of The Future - Winter Programming Academy

Зимската Академија по Програмирање на Школото на Иднината е 11 дневен академски настан (12ти – 22ри Јануари) каде што студенти, ентузијасти и најдобрите натпреварувачи по информатика ќе научат алгоритми, податочни структури и C/C++, со цел да се подготват за испити, интервјуа, или натпревари во алгоритамско програмирање. Менторите на Академијата се студенти по компјутерски науки на Масачусетс Институтот за Технологија (MIT) и се неколкукратни освојувачи на медали на интернационални натпревари по информатика!

Академијата вклучува 24 часа предавања и 24 часови вежби по алгоритми, податочни структури и C/C++ на три нивоа: основно, средно, и напредно ниво. Академијата е наменета за студенти на факултет како и ученици од основно и средно образование кои сакаат да си ги подобрат вештините  во алгоритамско програмирање.

Предавањата и вежбите се поделени на нивоа што ги прави прикладни за:
●  Ученици и студенти кои сакаат да се подготвуваат за националните и меѓународните натпревари по информатика.
●  Ученции кои сакаат да почнат со изучување на информатиката преку вовед во C++ и алгоритми.
●  Студенти кои сакаат да повторат или научат aлгоритми и дата структури.
●  Студенти и професионалци кои сакаат да се подготват за технички интервјуа кои бараат познавање од алгоритми и дата структури.
 
Апликација:  https://goo.gl/forms/N6lG7H4CTSsJWQgh2
 
Теми: Алгоритми, дата структури, и програмскиот јазик C++
Цена: 4800 денари (линк за плаќање: http://yes.org.mk/ShowProduct.aspx?p=130&ct=1&r=6&l=63&c=22)
Временски период: 12ти до 22ти Јануари
Локација: YES Incubator, Скопје (Локација: http://yes.org.mk/Contact/Map.aspx?r=6&l=63&c=22)
 
Термини:
●   Предавања: 09:00-10:30 и 11:00-12:30
●   Вежби: 13:00-16:00
●  Дополнителни индивидуални часови: 16:00 до 20:00. Индивидуалните часови се доплаќаат дополнително и се препорачани за студенти.
 
Структура на Академијата:
 
На академијата се поднудени 3 нивоа на изучување Алгоритми, дата структури, и C++:

Вовед во C++ и алгоритамско размислување - за основци и средношколци кои сакаат да почнат со изучување на информатиката. Потребни предзнаења: добро познавање од математика за 7мо одделение.
Алгоритми и податочни структури за ученици кои кои се подготвуваат за натпреварите по информатика. Студенти кои сакаат да повторат или да се подготват за предметот по алгоритми и податочни структури. Ентузијасти кои имаат познавање од еден од програмските јазици и сакаат да научат алгоритамско програмирање.
 Напредни алгоритми и податочни структури - за студенти и ученици кои имаат искуство со  алгоритми и податочни структури и сакаат дополнително да се подготват  за интернационалните олимпијадите по информатика.
 
Ментори

Ментори на Академијата се студенти на Масачусетс Институтот за Технологија (MIT)

Бојан Серафимов

Бојан Серафимов ќе предава напредни алгоритми и податочни структури на Зимската Академија. Неговото 8 годишно искуство со алгоритми и напредна математика му имаат донесено место на најпрестижниот унвиерзитет за технологија во светот, Масачусетс Институтот за Технологија. За време на неговите студии, Бојан работеше како практикант во Кеншо, софистицирана аналитичка фирма во Бостон која работи со машинско учење за анализа на комплексни системи во бизнисот и јавниот сектор. Тој исто така има освоено сребрен и два бронзени медали на Интернационалата Олимпијада по Информатика и два бронзени медали на Интернационалната Олимпијада по Математика од 2012 до 2014. Бојан е Почесен Претседател на Школото на Иднината како еден од неговите иницијални подржувачи.

Климент Серафимов

Климент Серафимов ќе предава основи на алгорими и податочни структури на академијата. Климент има завршено прва година на универзитетот MIT во Бостон и ќе ја помине академската 2016-2017 во Македонија со цел да ја развие едукативната платформа, Школо на Иднината, преку која цели да пружи менторство и напредно знаење на посветените млади програмери, математичари, и физичари од Македонија.
Климент има 7 годишно искуство со програмирање и алгоритми и има освоено бронзен медал на Интернационалната Олимпијада по Информатика во Тајван, и сребрен медал на Балканската Олимпијада по Информатика во Сараево.


Мисија на Академијата:

Што е мисијата на Зимската Академија по Програмирање 2017?

 
●       Да обезбеди интензивна академска средина каде што млади програмери од Македонија ќе се подготват за да достигнат повисоки резултати на претстојните натпревари по Информатика.
●       Да подготви студенти за предметите по алгоритми и дата структури и за технички интервјуа со цел зголемување на нивните шанси за вработување.
●       Да ги научи учесниците нови алгоритми и начини за решавање на алгоритамски проблеми и загатки.
●       Да овозможи платформа каде што талентирани средношколци ќе соработуваат и учат заедно.
●       Да стимулира инклузивна научна младинска заедница во Македонија.
●       Да мотивира млади талентирани ученици понатаму да го откриваат светот на информатиката.
●      Да ги поврзе младите програмери од Македонија со локални бизниси и образовни лидери со цел овозможување на понатамошно менторство и поддршка за учесниците.
 
Стипендии:

Дополнително, учесниците кои ќе се примени ќе може да аплицираат за стипендија. Стипендиите ќе бидат доделени со намера да се излезе во пресрет на потенцијалните млади програмери кои можеби доаѓаат од економско ранливи групи. За ваквата можност, ве молиме исконтактирајте не дополнително.

Контакт:

Електронска пошта: centerofthefuture@gmail.com
Facebook страна: www.facebook.com/schoolfuture
Телефон: 070 324 824, Климент Серафимов
 
       

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови