БЕСПЛАТЕН ВЕБ-САЈТ ЗА НОВИТЕ КОМПАНИИ

Македонскиот веб-сајт креатор Вебстриан започнува програма за поддршка на бизнис-заедницата преку која новоотворените компании ќе може да добијат бесплатен веб-сајт, со вклучено хостирање и без трошоци за користење или одржување во првата година.

„Денес кога нешто нѐ интересира - информација за некоја компанија, нивните производи или услуги, првото нешто што го правиме е да го пребараме на интернет. Веб-сајтот е лицето на една компанија и преку него таа го остава првиот впечаток пред своите соработници или клиенти. Веруваме дека модерен и професионален веб-сајт ќе им помогне на новоотворените компании да имаат поуспешен старт во бизнисот“- ни изјавија од Икс Софт, компанијата кој стои зад платформата Вебстриан. 

Критериум за учество во програмата е компанијата да биде регистрирана во Централeн Регистер на Р. Македонија во изминатите 12 месеци. Доколку го исполнувате овој услов, имате можност да се пријавите за бесплатен веб-сајт до крајот на 2016 година.

Повеќе информации за програмата и начините за добивање бесплатен веб-сајт дознајте тука
.

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови