Обука за личен развој

Принципи за успех по методот на Џек Кенфилд
 
                              
Биди најдобра верзија од себе !

- Дали сакате да ги остварите вашите соништа и цели?
- Дали сакате да имате подобра комуникацијата со другите луѓе?
- Дали барате сатисфакција во професијата?
- Дали барате поголем успех во животот?

Добредојдовте во програмата за личен развој! :)

Личниот развој ни овозможува да ја освестиме личната природа и нашите огромни потенцијали кои ги носиме во себе. Во која мера некој ќе владее со своите способности е од суштинска важност за да разбереме зашто една личност во животот има напредок, додека некоја друга личност со ист степен на интелект го нема. Емоционалниот талент е способност со кој се одредува колкав е успехот од користењето на квалитетите кои ги содржиме.


Инфо за обуката
Датум за почеток:  29-ти октомври 2016 (сабота)
Времетраење: 27 часа (распоредени во 6 денови за време викенди)
Часови: 29 и 30 октомври, 12 и 13 ноември и 19 и 20 ноември (саботите од 10.00–15.00ч, а неделите од 10.00–14.00ч)
ЛокацијаYES бизнис инкубаторот во Автокоманда
Цена на обуката: 6750 МКД
  • 20% попуст за студенти и невработени = 5400 МКД (со приложување на индекс или потврда)
  • 20% попуст за пријавување на двајца учесници
  • Во цената е вклучен сертификат за учество на обуката, материјали за обуката и кафе
  • Можност за плаќање на 2 рати

Пријавување на следниот линк !
Информации на trainings@yes.org.mk или на телефон 02 3108 891.

 
Програма за обуката ( 27 часа )
Целта е да го дизајнирате вашиот идеален живот и успешно да ги оттргнете сите ограничувања кои ве спречуваат да ги остварите вашите соништа и цели.  Во вашиот секојдневен живот вие ќе бидете сведоци на едно ново искуство. Оваа обука ќе ве однесе на сосема ново ниво на размислување и разбирање на себеси и својот живот.
Содржина:
Обуката ќе се одвива во 3 фази. Секоја фаза поединечно опфаќа времетраење од 9 часа. За време на обуката вие ќе се запознаете и ќе работите на следните теми и принципи:
  1. Програмирајте го умот за најдобро - Превземи одговорност за својот живот и сопствените резултати; Ослободи ги кочниците; Одлучи што сакаш; Поставување на цели; Гледај го тоа што го сакаш добиј го тоа што го сакаш; Превземи акција.
  2. Расчистување на плакарот - Опкружи се со луѓе кои те поддржуваат; Вежбај упорност со трпение; Правилото на 5;  Претвори го внатрешниот критицизам во внатрешен тренер;  Биди, прави и имај се` што ќе посакаш.
  3. Подгответе се за успех без граници – Искуси го стравот и направи ги нештата секако;  Успехот и парите (да се биде негативен за пари сериозно го саботира твојот финансиски успех);  Верувај дека е возможно;  Биди тука и сега.
Во овој процес вие ќе имате можност:
  • Да ја зголемите самодовербата;
  • Да генерирате одличен просперитет и финансиски живот;
  • Да направите баланс помеѓу работата и приватниот живот;
  • Да живеете со повеќе радост, страст и ентузијазам.
 
 
За кого е наменета обуката
Содржината на обуката е прилагодена за млади и возрасни, со академско образование или без академско образование, односно е прилагодена за сите оние кои сакаат да издизајнираат и креираат живот каков што сакаат, како професионално така и приватно.
 
За предавачот
Катерина Ангеловска е сертифициран тренер за принципи за успех по методот на Џек Кенфилд www.jackcanfield.com, мотивациски говорник и креатор на Успех без граници http://successwithoutlimits.mk/.
Инспирирана и мотивирана од идејата дека ние сме креатори на сопствениот живот, и дека во нас се наоѓа големината и моќта да живееме живот каков што посакуваме, одлучува пред две години да направи исчекор во својата кариера и да ја напушти тогашната висока позиција во Банка и да го работи тоа што и дава радост, љубов и задоволство. Се запознава со учењето на Џек Кенфилд и својата кариера како тренер за личен развој ја започнува со здобивање на сертификатот од угледната The Canfield Trainig Group со седиште во Соединетите Американски Држави.
Џек Кенфилд е водечки експерт во креирање на врвни перформанси за претприемачи, корпоративни лидери, професионалци во продажба, вработени во корпорации и едукатори.
Со програмата Успех без граници, Катерина Ангеловска целосно е посветена на мотивирање и тренинг на денешните генерации да ја пронајдат големината и моќта во себе и да станат креатори на својот живот. Програмата е одлично прилагодена како за поединци така и во бизнис средината.
Пријавување за обука на следниот линк!
Повеќе информации може да добиете на trainings@yes.org.mk или на телефон 02 3108 891.
За да го резервирате вашето место потребно е да извршите уплата најдоцна до 24 октомври 2016.
За онлајн уплата кликнете тука!
За уплата во банка:
  • Примач: ПСМ Фондација
  • Банка на примачот: Халкбанк
  • Сметка: 270000001048942
  • Цел на дознака: Обука за личен развој
 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови