“Треба да се даде енергија на нови претприемачи дека се добредојдени на пазарот“

Етерна Солар во своето дванаесетгодишно работење Ви нуди проекти и решенија на сончеви системи кои се прилагодени на нашите климатски услови. Различните сончеви системи по капацитет, можности и ефикасност се докажани низ повеќегодишното функционирање на целата територија во Македонија.

 

 1.      Од кога постои Етерна Солар  и како ја добивте идејата за основање на фирма од овој вид?

Етерна Солар е основана 1994-та година од мојот (сега покоен) татко Златко Чулев. Од текстил и трговија,семејниот бизнис го префрливме во сосема друга бранша која во тоа време беше сосема непозната на нашиот пазар – искористувањето на соларната термичка енергија. Идејата беше да се биде пионер за ваквата техника во духот на претприемништвотокоја со тек на време се разви во една успешна приказна.

2.      Дали луѓето  во Македонија се запознаени и ја прифаќаат важноста на сончевите системи како и и можноста за користење на други видови на обновливи извори на енергија?

Актуелизирање на темата за скапа енергија во последниве години придонесе кон поинтензивен интерес од инвеститорите за ваквите алтернативни извори на енергија.Класичните начини на топлење/ладење/топла вода во домовите се исфрлаат и се заменуваат со поелегантни решенија,зголемувајќи го комфорот на живеење, скратувајќи ги трошоците за користење. Во текот на годините,и покрај финансиската криза, бележиме  константен пораст во инсталираните системи, што значи информираноста е на високо ниво.

3.       Какви се Вашите очекувања за во иднина? Дали сметате дека во иднина, целата куќа ќе може да зависи само од обновливите извори на енергија?

Очекувам алтернативните енергенси да станат неодделив дел од секој нов (и реновиран ) дом , како што е фрижидерот J . Техниката ќе се развива со голема брзина,со тоа и новипроизводи, системи, идеи... Трошењето на чиста и обновлива енергија во секој дом и индустрија , без да се загадува околината, ќе биде дел од новата парадигма на иднината. Очекувам во наредните децении и  Македонија да го прати тој тренд.

4.      Бидејќи сите ги интересира цената, дали може да ни кажете која е ценовната предност при користење на сончевите системи? Што добиваат потрошувачите со користење на сончевите системи?

Постојат два вида сончеви системи : за добивање топла санитарна вода и комбинирани системи – санитарна вода и пригревање на домот. Кај првите придобивките се јасни: централно добивање на топла вода во домот во текот на целата година, без бојлери во секое купатило, кујна итн. При оптимално димензионирање на системот на годишно ниво се добива 60-70% бесплатна топла вода кон сите потрошувачи во домот (купатила, кујни, машина за садови, машина за алишта). Цените за ваквите системи диктира повраток на инвестицијата на веќе од 4 години.

Второспоменатите системи се веќе поскапи, применетоста е поограничена во смисла на технички граници (потребно е инсталација за подно греење, добра изолација итн.), и во наши услови може да замени до  20-30% од енергијата за топлење на домот. Овие системи се поскапи и повратокот на инвестицијата е над 10 години.

5.      Која е Вашата конкуренција на пазарот во Р.Македонија?

Конкуренција ја сметаме секоја компанија, нова или стара, која активно се бори за својот дел од пазарот. Сметам дека ова е здрава конкуренција, што иако сме прва фирма на пазарот, не тера да ги развиваме сите сфери во нашето работење.

6.      Кој го сочинува Вашиот тим и дали е потребно Вашите вработени да имаат претходни познавања и искуства за да можат успешно да ја работат оваа работа ?

Нашиот тим е нашиот највреден капитал. Го сочинуваат неколку лојални професионалци кои работат од самиот почеток на основање. Тимот полека се шири и со нови млади образовани инженери, градежници, архитекти кои веќе имаат допирни точки со енергетиката.

7.      Што е она што најмногу ве исполнува во работата?

Задоволни вработени, задоволни клиенти како и нивни препораки кон други е она што најмногу исполнува. Дава надеж дека си на правата насока и сила да се продолжи поинтензивно од досега. Секојдневно учење нови работи, секојдневно себенадградување се неизбежен дел кога го работиш тоа што го сакаш.

8.      Каков совет би им дале на оние кои сакаат да започнат со свој бизнис?

- Да дадат се од себе, да не се плашат од неуспеси, да се свртат кон чесната бизнис етика и квалитетно работење и однос спрема своите клиенти. Потрошувачите знаат да ценат млади, образовани ентузијасти затоа што знаат дека баш тие највеќе ќе се потрудат да ја завршат работата. Value-added е она што највеќе се цени од клиентите, а од нас младите најмногу можат да го добијат. Тој факт треба максимално да се искористи и да даде енергија на нови претприемачи дека се добредојдени на пазарот.

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови