Креирањето на одличните парчиња накит,може да се постигне само со користење на креативни материјали

Александар Кристал неодамна ја промовираше блескавата фотосесија "The Shining", која ги претстави најдобите парчиња накит од три светски брендови: Cango & Rinaldi, Crystalp, SW Made with Swarovski elements. За  Претприемач сопственикот Александар Трајковски ги открива вистинските вредности на кристалите и начинот на кој успешно се води  продавница за накит.

 

Претприемач: Како започнува вашата претприемачка приказна?

Започнав сосема случајно,јас сум една чудна комбинација, завршив Факултет за царина и шпедиција, а по завршувањето на студиите го продолжив семејниот бизнис кој во тоа време работеше со канцелариски материјали.
 Секогаш сум бил љубител на мода, а посебно на доброто парче накит.Само од љубов кон модата и накитот решив да отворам продавници за накит,во кои ќе се продаваат најдобрите парчиња од SWAROVSKI кристали.Од самиот почеток имав само една зацртана цел дека никогаш нема да се водам по конкурентите,конкурентните цени,конкурентниот начин на маркетинг "попусти" и дека ќе работам само за задоволство и самозадоволство,пред се на моите потрошувачи, а потоа и лично мое.

Претприемач: Кои се најголемите предизвици со кои се соочувате во областа на вашето работење?

Предизвик за мене секојдневно е пронаоѓање начин како дополнително да ја изразиме женската убавина. Да го доближиме брендот и квалитетот на кристалите до потрошувачите, македонските дами да ја препознаваат разликата во брендовите и да ја откријат убавината на вистинскиот кристал

Претприемач: Неодамна се претставивте со кампањата  The Shining, зошто се одлучивте на ваков вид претставување на производите на Александар Кристал?

Со The shining сакавме да излеземе надвор од традиционалното рекламирање, да ја доближиме убавината на накитот до македонските жени на еден поинаков начин. Кампањата ја работевме со македонски модел и тим од македонски професионалци кои создадоа одлична кампања. Ние сме една од ретките компании во Македонија,кои се одлучиле да работат на овој начин, да не преземаат странски кампањи туку сами да ги создаваат.

Претприемач: Што претставува SW MADE WITH SWAROVSKI ELEMENTS?

SW MADE WITH SWAROVSKI ELEMENTS претставува комплетно достапен уметнички простор каде имагинацијата не познава граници.Преку нашите продажни центри секој има можност да ги истражи различните стилски светови на накит и додатоци.Кристалите на SWAROVSKI секогаш биле синоним за бескрајна креативност,иновативна извонредност и поетска прецизност уште од времето на нивното појавување во 1895.

Претприемач: Што го прави вашиот накит поразличен од останатите?

Пред се квалитетот.Креирањето на одличните парчиња накит,може да се постигне само со користење на креативни материјали.Тоа е причината зошто овој бренд е посветен да удоволи со кристални и некристални компоненти со врвен квалитет.Сите компоненти продуцирани по овој бренд се мануфактурен производ од Австрија,кој е подлежен на строги и бројни отценувања и тестови.
SW MADE WITH SWAROVSKI ELEMENTS нуди импресивна палета на бои, големини,форми.Сите наши елементи нудат уникатност, а со својата живост под светлината нудат минорни разлики во формите и боите.Секоја разлика манифестира прецизност,брилијантност и страст.

Претприемач:Како се грижи Александар Кристал за своите потрошувачи?

Потрошувачите се секогаш на прво место кај нас. Гаранцијата пред се на производите кај Александар Кристал значи замена оштетено со ново. Ние не ги сервисираме производите, туку веднаш ги заменуваме со нови. На пример доколку кристалот се оштети,ја смени својата боја комплетно се заменува купениот производ.За најверните потрошувачи на Александар Кристал имаме изработено и посебни картички со кои добиваат големи привилегии.Постојано работиме на нешто ново, се со цел да ги задоволиме потребите на нашите потрошувачи.

Претприемач: Кој совет би им го дале на сите млади кои планираат да започнат сопствен бизнис?
Пред да започнат да бидат сигурни дека имаат добра идеја и концепт. Без разлика на светската економска состојба,и без разлика што светскиот економски пазар е преплавен со најразлични производи треба да се искористи секоја дадена можност.Да се верува во себе и најбитно во критичните моменти да се истрае.


http://www.facebook.com/Aleksandar.Kristal1?ref=ts&fref=ts

Продавницата  Александар Кристал се наоѓа на ул. Никола Вапцаров бр.2, во центарот на градот. Во Александар Кристал може да се најде накит со познатите  SWAROVSKI ELEMENTS од следниве три брендови: Cango & Rinaldi,Crystalp,SW Made with Swarovski elements.

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови