Интервју со iDerma – победникот на Mobile AppCamp 2012

“Mobile AppCamp беше добра можност да ја претставиме iDerma на интернационалната сцена и да добиеме вредни совети од искусни ментори и инвеститори од цела Европа.”

 

iDerma е ветувачки хрватски стартап кој победи на првиот Mobile AppCamp во декември. Прочитајте за нивното искуство и за тоа како нивното учество на Mobile AppCamp им помогна во развојот на нивниот бизнис.

1. Кои цели  iDermaси ги постави пред да учествува наMobileAppCamp?

Кога аплициравме за Mobile AppCamp во Скопје, тимот на iDerma беше во процес на развој на CRM алатка за приватна дерматолошка клиника, чија главна цел беше да го редефинира односот помеѓу докторот и пациентот на долг рок и да го донесе начинот на кој луѓето се грижат за сопственото здравје на едно ново ниво. Mobile AppCamp беше добра можност да ја претставиме iDerma на интернационалната сцена и да добиеме вредни совети од искусни ментори и инвеститори од цела Европа.

2. Како учеството на MobileAppCampи` помогна на вашата компанија?

Контактите кои ги остваривме придонесоа за дефинирање на правецот во кој компанијата iDerma се движи. Да се натпреварувате со проект како iDerma со 50 други тимови од 7 различни земји, е посебно искуство, што ни даде чувство за тоа како стоиме и што треба да подобриме без оглед на тоа што нашата визија се однесува и претставува пред публика од различни индустрии и со различни интереси.

3. Опишете го вашето искуство со LUNCHubво неколку реченици.

LUNCHub Long Weekend беше вистински предизвик за нашиот тим, што го завршивме повеќе од успешно. Задачата на основачите беше да ги презентираат нивните проекти на различни групи од искусни ментори од реалниот сектор за време на првите два дена во Софија. Имавме шанса да работиме на нашите презентации и да дискутираме различни бенефиции и препреки на кои можат да наидат нашите проекти кога ќе се појават на пазарот. Конечно, The Challenge Day беше денот за кој сите учесници се подготвуваа за време на нивниот престој во Beta Haus, 3-минутна презентација пред Инвестицискиот Комитет со членови од секаде во светот. На кратко, доколку основачите се фокусираат на она што е најважно, нивниот продукт, тие 4 дена можат да направат многу, дефинитивно.

4. Дали менторската програма School 4 Startupsви помогна да ги остварите некои од вашите цели?

Учеството на една Бизнис менторска програма, како една од наградите кои ги добивме како целосен победник на Mobile AppCamp, е несомнено највредното искуство и многу ретка шанса како основачи на компанијата да учиме од вистински професионалци и добро познати професори од најдобрите бизнис училишта и можност да го употребиме тоа знаење директно во нашиот бизнис. Токму од овие причини се одлучивме да учествуваме на Bissada Sigma Challenge, кој ќе се одржи од 28-ми до 30-ти јуни во Maastricht School of Management во Bucharest, бидејќи знаеме дека придобивките се огромни.

5. Кои се идните планови на iDerma?

Во последниве шест месеци iDerma го модифицираше нејзиниот пат и еволуираше во компанија што развива predictive data mining модели за апликации во клиничката медицина. Моделите можат да се прилагодат за поддршка на клиники за диjагностика, терапии или мониторинг задачи. Методите за data mining обично се претставуваат во клинички контекст за да анализираат ретроспективни податоци, што им овозможува на здравствените професионалци како и на крајните корисници пристап до големи количини на податоци кои рутински се собираат од нивните дневни активности.

На кратко, ние работиме на развој на големи методи од информациски технологии кои можат да им овозможат на физичарите да прегледуваат големи количини на податоци за болести, да ги персонализираат третманите на пациентите, и да предвидат како ќе се однесуваат на одреден третман.

Покрај iDerma моментално работиме и на нов, перспективен и пред се` многу интересен медицински стартап, само што овој пат е хардвер базиран и ќе биде претставен многу наскоро.

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови