Solaborate - нов сегмент во развојот на социјалните мрежи

Интервју со Labinot Bytyqi, основач и извршен директор на Solaborate, новата социјална мрежа за IT профеционалци.

Solaborate е професионална социјална мрежа за технолошки професионалци, која ја лансираше глобално својата beta верзија пред околу 3 недели, и досега има собрано почетни инвестиции за развој од над 1 милион долари.

Solaborate, мрежата е креирана токму во Скопје од страна на  ИТ професионалци , а  започна во соработка и партнерство со македонската ИТ компанија Семос.  Solaborate  претставува нов сегмент  во развојот на социјалните мрежи, вели  основачот на компанијата.

 

1.    Што е Solaborate?

Solaborate е технолошка социјална мрежна платформа дизајнирана за професионалци и компании да можат да се поврзат, откриваат и соработуваат. Овозможува еден технолошки екосистем за решавање на бизнис проблеми и генерира можности за тоа преку сите алатки и услуги кои ги нуди за соработка во реално време. Solaborate е базирана во Лос Анџелес, Калифорнија. Но исто така е регистрирана како компанија овде во Скопје, Македонија и Приштина, Косово.

Мисијата на Solaborate е да ги поврзи IT професионалците од целиот свет, компаниите за софтвер, хардвер, како и разни слични услуги со нивните крајни корисници и да ги направи попродуктивни и поуспешни. Slaborate овозможува повеќе од само интерна соработка, овозможува интеракција со луѓе надвор од компанијата, вклучувајќи експерти, потенцијални кандидати и клиенти. Ги комбинира најдобрите аспекти од LinkedIn, Facebook, Google+, Quora и Twitter, но и ги адресира нивните слабости. Исто така се издвојува од останатите, со тоа што се фокусира на потребите на технолошката индустрија.

2.    Како започна приказната за Solaborate?

И пред Solaborate, јас бев во технолошкиот сектор. Работев како сметководствен извршител со SAP, каде ги менаџирав 28 од најголемите сметки од Западниот Регион на САД, на компании како Apple, Microsoft, Intel, Nike, Cisco, Google, Facebook, LinkedIn, HP, Disney, Boeing, Warner Brothers, Nestle, T-Mobile, McAfee, McKesson, AMD, eBay и сл.

Приказната започна во Јануари 2012. Дознав за македонската IT компанија Семос, преку нивен претходен клиент и решив да започнам да ја градам мојата идеја. Идејата произлезе од моето искуство со технолошкиот свет и потребата од некакво место за соработка помеѓу професионалци, компании, продукти и услуги од овој сектор.

Сега Solaborate е ДОО компанија која оперира во Лос Анџелес, Скопје и Косово.

3.    Од тоа што досега имаш видено, дали мислиш дека има потенцијал за големи технолошки стартапи овде во Македонија?

Има значаен талент овде, во смисла на човечки ресурси. Има доста добри кандидати во IT секторот, што ни овозможи да креираме целосен развоен тим овде во Македонија. Од последните статистички факти, технолошкиот сектор расте секој ден. Како и да е, Македонија е релативно мала земја. Тоа ја прави одлична околина за стартап компанија, но можеби ќе биде потешко да се направи голема технолошка компанија заради ограничувањата во бројот на луѓе кои се слободни за ангажирање.

4.    Кој беше најтешкиот дел од започнувањето на Solaborate?

Идејата за „уште една социјална мрежа“. Свесни сме за фактот дека луѓето почнуваат да го споредуваат секој стартап со моменталните играчи на пазарот. Исто така  и финансискиот дел и потребата од инвестиции. Токму затоа сакаме да им овозможиме на IT професионалците место каде лесно ќе можат да комуницираат со своите колеги, соработници, партнери со специфични алатки и услуги.

5.    Што бараш кај еден вработен?

Ние веруваме дека придонесот на секој од вработените е еднакво важен за успехот на Solaborate, и ги наградуваме нашите вработени со забавна работна атмосфера, конкурентни плати, и мотивирачки програми. Сакаме паметни, екстремно мотивирани луѓе кои се желни и способни брзо да придонесуваат во сите аспекти на Solaborate, и кои се возбудени од предизвиците со кои се соочуваме. Сакаме луѓе со стартап менталитет и кои ќе сфатат дека не работат за уште една традиционална компанија.

6.    Во оваа индустрија си веќе подолг период, па според твоето долгогодишно искуство кои три совети можеш да ги издвоиш за младите претприемачи кои штотуку започнуваат?

Прво и најважно е да веруваат во своите идеи. Ризиците се секогаш тука, без сомневање, но можат да се надминат доколку вистински верувате во вашите идеи. Напорната работа е мојот втор, но не помалку важен совет. Потребно е време и труд да се постигнат вашите цели и остварат соништата. Патот не е едноставен. Предизвикувачки и возбудлив во исто време. Трето, луѓето секогаш чекаат нешто ново, па не плашете се да експериментирате и иновирате. Направете нешто различно и ќе бидете наградени за тоа.

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови