“Успешен менаџер треба да биде трпелив, да слуша, да превзема одговорност и решенија“

Филип Попов e магистер по фармацевтски науки. Завршил факултет во Софија а магистрирал во Холандија, со тоа што неговото професионално искуство започнува во 2007.  Најпрво работел во стоматолошка веледрогерија, во фамилијарен бизнис кој и ден денес постои, а со самото отварање на првото преставништво на Авон во Македонија, ја превзема одговорноста на менаџер за продажба на дел од Скопје. Подоцна тој е директор за продажба и раководење на канцеларијата на Авон во Македонија, а после 2 години успешно работење во Македонија, работел во Авон Хрватска, за период од 3 години. Во моментов работи во Дентал-м но привремено, затоа што негов нов предизвик се консултански услуги – планира да биде надворешен консултант за Medicus Help за увоз и дистрибуција на медицински помагала на територијата во Македонија.
 



Како е да се менаџира тим од 300 луѓе, како се снаоѓаше во улогата, дали ти беше тешко и од каде црпеше инспирација да мотивираш 300 луѓе?

Нормално дека од самата помисла може да те облеат морници, но не ја гледаш бројката. Пред се`, гледам да не се фокусирам кон бројката, а тоа што се трудам е да утврдам кои се основните цели кои се дадени од самата корпорација. После се оди кон стратегијата. Се разбира, менаџирањето на тие 300 луѓе е голем предизвик, но има поделени структури кои се под мое раководство, директно менаџирање со 13 луѓе кои се веднаш под мене. Нормално треба да се земат повеќе фактори, секогаш треба да ја гледаш големата слика. треба да се гледа малку пошироко, не на едно место, бидејки ако се индивидуализираш ќе го изгубиш фокусот. Треба да се пронајде врска на работите кои што на луѓето им се од заеднички интерес. Во секој случај треба да се приоретизира колку е квалитетна информацијата што доаѓа од тие 300 луге, односно тоа што практикував е да имам средби со нив и после тоа, информацијата ја обработував со луѓето кои се во директна релација со мене. Зборуваме за матрикс структурата, односно матриксно комуницирање. Треба да се пронајде некоја хемија бидејќи, кога ќе излезат од состанокот, тие треба да сфатат зашто бројките се такви какви што ги ствара компанијата и кои се механизмите кои ќе помогнат да се достигнат тие бројки. Треба да се пронајде вистинскиот спој, а тоа ќе се направи ако работите тимските, а не седите изолирано во канцеларија. Секојдневното работење со нив ми овозможува да бидам поблизок со нив, да можам да наједноставен начин да им ги пренесам целите што ги поставува компанијата...

Завршивте фармацевски факултет а работете како менаџер, што ве натера на тој избор?

Фармацијата е една широка наука. Јас сакав да бидам хирург, но пред да се запишам на факултет се запрашав, дали се` уште сакам да бидам бидејки ќе треба да учам не само 6 години, туку и плус специјализација = 10 години. 10 години ќе треба да инвестирам од своето време, што не е лошо, меѓутоа фармацијата ми понуди доста поширок спектар на можности.

Зошто менаџирањето, а не она другото што го завршено? Прво, затоа што ми се укажа можност во тој момент, второ затоа што повеќе се гледам себеси во улогата на човек кој сака да го пренесува своето знаење. Менаџирањето е нешто што се стекнува, треба на човек да се даде прилика, и да има добар ментор, човек кој што е искусен и може да ти овозможи да имаш повеќе знаење. Така што, сега имам некое скромно искуство и не сакам само да го пренесам моето знаење, туку и да оптимизирам процеси, да менувам компоративни култури. Не постои успешен модел, ако во една компанијата е успешен не значи дека ќе биде и во друга, што значи дека ќе треба да се адаптира, а да се адаптира треба да се дознае фактичката состојба.

Направете споредба меѓу компаниите AVON во Македонија и Хрватска, како се работи таму а како тука, каде климата за работа е подобра, какви се клиентите?

Да не бидам политички настроен, никаде не е розово. Ако гледаме од менаџерска точка, тоа што го имаш како кадар и ресурси да менаџираш - секаде е исто. Имате индивидуи кои треба да бидат мотивирани, треба да им се дадат јасни цели и нивната работа да биде следена, затоа што друго е кога седнуваме на состанок и се договараме кој што ќе работи, а друго е кога тој проект треба да се истурка до крај.

Можности? Пазарот си го прави своето. Поголем пазар, поголеми можности, но тоа повлекува ресурси, буџети и трошоци. Ако ме прашате кој бизнис порентабилно работи, тоа е македонскиот. Од бизнис гледна точна македонскиот бизнис е поевтин, хрватскиот е поскап, но затоа можностите се поголеми на хрватскиот.

Кои особини според вас треба да ги поседува еден менаџер?

Да биде трпелив, да слуша, да превзема одговорност и решенија.

Кој совет би им го дале на младите кои планират да започнат бизнис? На што да обврнат внимание во менаџирањето?

Првин треба да бидат многу добро информирани, да веруваат во она што го прават и малку среќа. Да се љубопитни, да не се плашат да прашаат, па макар и да се информираат во друг бизнис од истата сфера.

Направете една кратка анализа на пазарот во Македонија. Каков е според вас?

Анализата на пазарот е малку излитен збор, затоа што според мене може многу да демотивира човек. Анализата може да покаже дека производот е многу скап за македонскиот пазар, затоа што вели дека кога производсвото е во мала количина, е многу скапо, па затоа треба да се гледа во поголеми рамки. Од друга страна, за да постои производство и бизнис треба да се инвестира.

Треба долготрајност и верба во тоа што се работи, треба да се информирате, да знаете се` што ви е потребно, да се распрашате во соодветните министерства, а постојат и фондови што им помагаат на младите претприемачи, но работата е тоа што лугето не се охрабруваат да го направат тоа. Тие треба да веруваат во она што го работат, и да се оптимизираат процесите како да се стигне до посакуваното нешто. Македонија има ресурси, само треба волја да се искористат.

Од долгорочен аспект, вербата е најважна. Многу од луѓето се плашат од успех. Замислете ме мене кога отидов во Хрватска каде пазарот е 3 пати поголем, со поголеми буџети, а е во долна линија и треба да се стабилизира, на високо конкурентно подрачје, и едноставно треба да застанеш пред 300 лидери на продажба. Едно е кога комуницирате со вработените внатре во компанијата а друго е кога излегувате надвор од кругот на фабриката со нив, ја согледувате реалноста; едно е вие тоа што ќе го испланирате во Excel, а друго ќе се случува во реалноста – на пример, поплавите во дунавските држави – никој не може да ги предвиди а тие индиректно ќе влијаат на процесите дали на продажба, па луѓето наместо да купуваат шампони, ќе гледат да реновираат куќа, дворови – тоа се работи кои автоматски ги насочуваат ресурсите и затоа потребно е да се биде во континуиран контакт со луѓето, а не да се гледа кон нив од висока точка. Менаџерите треба да се дружат со луѓето, да ги мотивираат, да ги инспирираат, да бидат лидери, да ги менаџираат процесите, да го пренесуваат своето знаење.

Кога станавте менаџер на продажба на Авон во Македонија, дали беше потребно вашите вработени да имаат познавање од фармација?

Кога станав директор на продажба и директор на Авон во Македонија , јас вработував луѓе на позицијата регионален менаџер на продажба од различни профили, имав професорка по полски, професор по географија, обична домаќинка итн. Гледав во луѓето да препознаам желба за напредок. Она што знаев дека јас ќе го направам е да ги изградам во менаџери и да им го пренесам моето знаење, па следствено, озбразованието за мене е начин на комуникација. Јас гледав повеќе во луѓето да сакаат да работаат и учат. На вработените треба да им се даде шанса, ментор од кој ќе учат.

Извршено од страна на практиканти во YES Инкубаторот, за време на реализација на проектот "Консултации за кариера" организирано од страна на Macedonia 2025.

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови