ОГЛАС ЗА ПРАКСА СО ИДНО ВРАБОТУВАЊЕ

Компанијата xSoft има потреба од проширување на тимот. Потребен е нов практикант, со вработување по завршената обука, кој ќе работи на задачи поврзани со нашата Вебстриан платформа (www.webstrian.mk) и на задачи поврзани со фронт-енд програмирање.

Потребен е профил на личност која знае да размислува проактивно, сака да стекнува нови вештини и знаења и преку тимска работа да го даде својот придонес во насока на постигнување на целите на компанијата.

Се нуди можност за одлични услови за работа и професионална надоградба.

Потребни квалификации:

  • Основни познавања од областа на .NET технологииите за веб програмирање: C#, ASP.NET, HTML5, Java Script, CSS3, jQuery, Bootstrap;
  • Основни познавања од областа на бази на податоци: Transact SQL, MS SQL Server 2008/2012;
  • солидно познавање на англиски јазик

Опис на работно место:

  • Организирана работа во тим;
  • Front-end девелопмент (HTML5, CSS3, Java Script, Bootstrap)
  • Развој и поставување на веб-сајтови на Вебстриан платформата
  • Комуникација со клиенти;

Сите заинтересирани можат да ги достават своите CV-ија на  xsoft@xsoft.mk.

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови