Интервју со основачите на првата македонска crowd-funding платформа

Интервју со основачите на првата македонска crowd-funding платформа

1. „Let’s Fund It е првата crowd-funding платформа во Македонија. Очекувате ли да биде прифатена од целната публика?

Основната цел на letsfundit.mk е јавноста да ВЛОЖУВА односно да ги поддржува иновативните проекти поставени на платформата.

Нашето истражување за crowd-funding покажа дека: 43% позитивно одговорија на прашањето дали би поддржaле crowd-funding кампања, 41% можеби би поддржиле додека само 16% негативно одговориле на ова прашање. За една новина на пазарот да стигне до целата посакувана публика треба време. Можеби на почетокот ќе имаме огромен предизвик да го претставиме концептот на групно вложување кај јавноста, но убедени сме дека за брзо време, по реализација на неколку проекти, letsfundit.mk ќе стане секојдневие за илјадници корисници.

2. Кои поволности ги нуди „crowd-funding-от“ како концепт? Сметате ли дека младите ќе бидат поттикнати посериозно да започнат со реализацијата на своите проекти?

Let’s fund it има за цел да постави нова димензија на претприемништвото во Македонија. Со самото тоа што претставува нов, иновативен проект на овие простори, сметаме дека ќе им помогне на сите засегнати страни. Креаторите на иновативни идеи и сите нивни поддржувачи т.е вложувачи, преку letsfundit.mk, заедно ќе ги реализираат иновативните идеи. Можеби се прашувате зашто е потребна crowd-funding платформа во Македонија кога веќе постојат успешни сајтови од овој вид во светот? Одговорот е едноставен, мотивацијата на вложувачите е многу поголема кога ќе видат проект кој директно ги засега нив нивното окружување. Локалниот crowd-funding е поуспешен бидејќи ги обеднува луѓето да си помогнат едни на други особено за мали средини како Македонија.

Crowd-funding-от како концепт нуди повеќе поволности. Креаторите на прокти ќе можат да собираат мали суми на пари од голем број на луѓе кои не го оптеретуват буџетот на луѓето кои вложуваат. Letsfundit.mk е и маркетинг алатка со која било која иницијатива или проект може да допре до што е можно поголем број на луѓе. Оваа платформа им нуди на младите претприемачи да добијат нов начин на финансирање, односно кредитните линии и грантовите, кои се нудат на пазарот се проследени со огромни бирократски процедури и се ригидни во однос на одобрувањето средства за нови и мали проекти, односно бизниси. Сите овие процедури едноставно може да се заменат со сrowd-funding кампања која претставува подостапен начин за финансирање на еден проект или бизнис без разлика дали се работи за индивидуален креатор, формална или неформална група на иноватори, за start up или за постоечка компанија.

3.   Од досегашното искуство, колку сметате дека младите во Македонија се запознаени со овој тип на алтернативно финансирање? Дали постои недоверба или можеби страв дека нивната идеја ќе биде на некој начин „украдена“?

Искуството досега говори дека поголемиот број на младите во Македонија се запознаени со овој начин на финансирање. Нашите истражувања го потврдуваат тоа. Десетина кампањи од Македонија веќе беа спроведени на светските crowd-funding платформи. Исто така на промотивната конференција LetsFundIt на која официјално беше пуштена во употреба платформата,  присутвуваа повеќе од 180 млади кои со своите коментари и дискусии покажаа дека го познаваат концептот на crowd-funding.

Секогаш кај сите млади постои страв и несигурност дали да ја објават својата идеја пред јавноста заради помислата дека некој друг ќе ја украде или злупотреби. Иако постои таква несигурност, сепак прептриемачот по пририода е човек кој ризикува и е спремен да се бори на пазарот со постоечката или пак идната конкуренција. Наш совет до сите млади кои имаат идеи за кои им се потребни финансиски средства, да не се плашат и да не ги затвораат идеите во фиока, бидејќи така веројатноста да им се реализира идејата е уште помала отколку да ја презентираат пред јавноста. Тимот на letsfundit.mk верува во премисата дека најголемиот ризик е да не се ризикува, односно преведено во нашиов случај идејата ќе остане само една одлична приказна доколку таа бе биде споделена со јавноста и со можните вложувачи.

4. Кои се вашите идни планови со „Let’s Fund It“?

Тимот на Let’s Fund It, во втората половина од месец февруари има испланирано да започне промотивен караван низ Македонија. На тој караван ќе се посетуваат високо образовни институции, формални и неформални групи на млади претприемачи на кои ќе им се презентира работењето и начинот на спроведување на една crowd-funding кампања, сé со цел младите подобро да се запонзаат со овој начин на финансирање. Истовремено преку презентациите, младите ќе бидат обучени како да креираат и спроведат успешна crowd funding кампања за нивните иновативни проекти.

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови