Истражување за користење на мобилна апликација за професионален развој на наставници

ПСМ Фондација е партнер на проектот t-MAIL project [Teacher Mobile Application for Innovative Learning], ко-финансиран од ЕУ програмата Еразмус + што има цел развој на мобилна апликација за поддршка на наставниците во основното образование при примена на практики за самостојно учење. Апликацијата ќе собира податоци за процесот и практиките на учење и напредокот на учениците. Анализата на овие податоци ќе обезбеди инпут за тренинг програмите за наставниците, како и во мониторингот и евалуацијата на имплементацијата на политиките за самостојно учење.

При тоа од витално значење е да се разберат потребите и очекувањата на сите релевантни страни: наставници, едукатори на наставниците од основно образование, и креатори на политики на национално и локално ниво (пр. ресорни министерства, училишни одбори). За таа цел проектот спроведува истражување низ цела Европа, а кое опфаќа прашалници за секоја од целните групи. Пополнувањето на прашалниците ќе ви одземе 10-15 минути и истите ќе бидат отворени до крајот на месец март. Ви благодариме на вашиот инпут кој е клучен за креирање на апликација што ќе биде корисна за сите!

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови