АГРОБ2Б – Поврзување со вашиот иден бизнис партнер

Саемот од Нови Сад и Enterprise Europe Network Србија –Стопанската комора Србија, како и бизнис инкубаторот од Нови Сад, во соработка со Италијанската Агенција за трговија, го организираат Интернационалниот брокерски настан АГРОБ2Б@НСсаем кој ќе се одржи за време на Интернационалниот саем за земјоделство во Нови Сад, на 16ти мај, 2016 година.

Главни области:

  • Храна и пијалаци, производители и трговци
  • Земјоделска машинерија и опрема
  • Хемиски продукти за земјоделство
  • Пакување
  • Обновлива енергија
  • Процесирање и опрема за стакленици
  • Применета наука и истражување
  • Иновативни технологии за земјоделство

Зошто да учествувате?

Интернационалниот брокерски настан овозможува дополнителна поддршка на компаниите со цел да го пронајдат соодветниот бизнис партнер на овој саем. На учесниците им се нуди можност да го одберат партнерот врз основа на сопствените потреби и врз основа на информациите за бизнис интересите на потенцијалниот партнер. Потоа се изработува листа на состаноци, кои се однапред дефинирани со време и место. Секој учесник добива персонализирана листа најмалку еден ден пред настанот.

Учеството на настанот е бесплатно, а на учесниците ќе им биде потребно само да набават билет за влез на саемот.

Официјален јазик: Англиски

Крајни рокови:

  • 8ми мај, 2016: Он лајн регистрација (креирање компаниски профил) на http://agrob2b.talkb2b.net/
  • 10ти мај, 2016: Избор на интересни профили и закажување б2б состаноци
  • 16 мај, 2016: Брокерски настан  АГРОБ2Б

Контакт:

              Александар Филиопски
               aleksandar.filiposki@yes.org.mk

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови