Бидете дел од мултиетничка истражувачка студија за младинско претприемништво

Се покануваат сите млади претприемачи да земат учество во истражувањето: Мултиетничка истражувачка студија за младинско претприемништво, кое го спроведуваат Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Институт за социолошки и политичко-правни истражувања и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување.

Co пополнување на прашалникот на еден од линковите подолу (на македонски и албански јазик), ќе придонесете за подобро разбирање на специфичните ограничувања и потреби на младите кои управуваат со сопствен бизнис и ќе помогнете за понатамошното развивање на политики и препораки, кои ефективно ќе ги подобрат условите за младинско претприемништво.

Прашалникот е дизајниран да обезбеди повеќе информации за Вашите перцепции, ставови, искуства и специфично знаење по однос на предизвиците и успесите со кои се соочивте во стартувањето и одржувањето на Вашиот бизнис.

Преку резултатите од истражувањето ќе се утврдуваат и разликите и заедничките потреби на младите претприемачи од различните етнички заедници во Република Македонија.

Прашалникот се спроведува на целата територија на Република Македонија. Учеството е доброволно, а сите споделени информации – анонимни.
                                                                  

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови