Информативен настан од Фонд за иновации и технолошки развој

Фондот за иновации и технолошки развој го отвори третиот јавен повик за доделување на средства преку Инструментот за поддршка - Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф. За овој инструмент може да добијат средства микро, мали и средни претпријатија кои постојат не подолго од 6 години во моментот на аплицирање до Фондот. Фондот доделува до 30.000 евра по предлог проект.

Повикот може да го прочитате тука!

Со цел појаснување на начинот на аплицирање за отворениот повик Фондот во соработка со планските региони и општините, организира обуки низ повеќе градови.

Истите ќе се одржат од 10-14 часот на:

  • 22.06.2016 (среда) во Бизнис салата на Скопски саем, Скопје со почеток во 10 часот
  • 23.06.2016 (четврток) во Битола, во х.Милениум, со почеток во 10 часот
  • 24.06.2016 (петок) во Штип, во х.Изгрев, со почеток во 10 часот
  • 27.06.2016 (понеделник), сала на о. Охрид, со почеток во 10 часот
  • 28.06.2016 (вторник), сала на о.Струмица, со почеток во 10 часот
  • 29.06.206 (среда) во Велес, во просториите на Вардарски плански регион, со почеток во 9.30 часот
  • 30.06.2016 (четврток) на Универзитетот на Југоисточна Европа, Тетово, со почеток во 10 часот.

Во прилог е агендата за настанот во Скопје!

Бројот на учесници е ограничен, а заинтересираните потребно е да го пријават нивното присуство до понеделник, 20.06.2016 на jasna.petrovska@fitr.mk  или на телефонот (02) 314 5258.

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови