Апликација: Business Dictionary MacEng

Овој двојазичен речник (ангиско-македонски, македонско-англиски) е прв од овој вид во форма на мобилна апликација. Едноставноста на интерфејсот и функционалностите, како и привлечноста на дизајнот, го прават незаменлива алатка не само за преведувачите туку и за студентите и за секој човек од деловната сфера на работа. Бара пристап на интернет за пребарување и превод на единиците (англиска/македонска поддршка). Работи на платформите iOS и Android (на мобилен телефон). Содржи над 10.000 речнички единици, вклучувајќи колокации, фрази, национални и меѓународни институции и асоцијации (и нивните акроними), како и валути. Опфатени се повеќе полиња: банкарство, инвестиции, маркетинг, осигурување, продажба, ревизија, сметководство, статистика, трговија, управување, финансии и човечки ресурси, меѓу другите, како и правна терминологија. Овој речник постојано се зголемува со дополнителни единици, а и се планираат додатни функционалности.


Неговиот креатор е вклучен во практичната примена на терминологијата, преку преведување, како и во образовниот аспект, преку предавање на Филолошки факултет (Катедра за англиски јазик и книжевност) и Економски факултет (предмет: Деловен англиски јазик).

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови