Повик за учесници на бесплатни обуки: основи на Microsoft Word и Excel

Како дел од активностите на проектот „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на труд преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување“, финансиран од Европската унија, ПСМ Фондација отвора повик за слушатели на бесплатни ИТ курсеви за Microsoft Word и Excel.

Почеток на обуките: Втора половина на септември, 2016 година
Времетраење: 10 сесии (1 сесија трае 180 минути)
Термини: Три пати неделно, од 17.00 – 20.00ч
Место на одржување: ПСМ Фондација – Автокоманда, ул. 16-та Македонска бригада 13б, Скопје (позади Земјоделскиот Факултет)
Сертификат: Кандидатите кои успешно ќе ја поминат обуката ќе добијат и сертификат за учество.
Пријавување: Пополнете ја апликацијата на следниот линк, најдоцна до 22.09.2016.
Повикот е отворен за млади лица. Потребно е основно познавање во работа со компјутери. Селектираните кандидати ќе бидат контактирани преку е-mail.

За сите дополнителни информации и прашања, слободно обратете се на  trainings@yes.org.mk или 02 3108 891.

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови